Чудотворниот напиток за слабеење од само три состојки ја полуде интернет заедницата, а многу жени веќе ги испробаа неговите бенефити. За чајот за слабеење кој ги топи масните наслаги и го забрзува метаболизмот се потребни само зелен чај, ловоров лист и цимет. Овие три природни состојки се познати како корисни во борбата против вишокот килограми и кога одвоено се користат, а се смета дека предностите кои ги имаат со заедничка употреба се уште поголеми.
Подготовка: Сварете 800 мл вода, па тргнете ја од оган и во неа додајте три листа ловор, стапче цимет или половина лажичка цимет во прав, и на тоа додајте супена лажица зелен чај. Се препорачува да се користи зелен чај рефус, а не во кесички. Оставете го да стои 15 минути, исцедете и напитокот е спремен за конзумирање.
Како да се конзумира овој напиток – Нутриционистите советуваат дека е најдобро да се пијат овие напитоци на празен стомак, рано наутро и дека тогаш имаат најголем ефект. Затоа испијте една шолја чај пред појадок и пред утринското кафе, следната шолја после појадок, а третата непосредно пред спиење.
Освен тоа, заради најдобар ефект би требало малку да ја корегирате исхраната и да почнете со вежбање. Во секој случај, и да не намалите сантиметри на половината, колковите и заддникот, сигурно ќе ги исфрлите токсините од телото, ќе имате повеќе енергија и подобро ќе се чувствувате.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.