| четврток, 6 декември 2018 |

Кабинет на Иванов: Не се укинува Комисијата за помилување

Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов попладнево преку соопштение, во врска со написите во одредени медиуми дека со одлуката на Уставниот суд се укинува и Комисијата за помилување, информира дека Комисијата не се укинува и е постојано работно тело на Претседателот на Република Македонија.

-Оттука, Комисијата за помилување постоеше и пред донесувањето на измените на Законот за помилување во 2009  и како и досега и понатаму ќе продолжи да функционира како советодавно тело на Претседателот, се наведува во соопштението.

Иванов, истакнуваат од Кабинетот, досега не коментирал и нема да коментира одлуки на Уставниот суд.

– Претседателот Иванов, како и досега, така и во иднина, во извршување на оваа негова  уставна ингеренција ќе се води исклучиво според законите, односно одлуките за помилување ќе ги носи согласно постапката и одредбите од Законот за помилување, се наведува во соопштението од Кабинетот на Иванов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top