| четврток, 6 декември 2018 |

Спасовски изгорел од желба да го вработи „силувачот“ на судии Мурадинов

spasovski

По прекрасната вечер мината на протести пред Уставниот суд,  техничкиот министер во МВР, Оливер

По прекрасната вечер мината на протести пред Уставниот суд,  техничкиот министер во МВР, Оливер Спасовски стана кандидат за Гинис како единствен министер за внатрешни во светот кој протестирал за време на свој мандат. Ова го врати како прв на Заевиот список од двајца омилени министри, особено откако Ременски го засени со отпуштањето на 44 хигиеничари од „Винојуг.“   Сега, Спасовски се поготвува целосно да ја засени со ново најскандалозно вработување, тврдат извори од екс Бихаќка. Појако и од унапредувањето на сопругот на Ременски за 7 скалила.

Во исто време кога можеби нови илјадници мигранти се подготвуваа да влезат стихијно на територијата на Македонија, истиот тој министер спокојно и со безгрижна насмевка се шеташе низ членството на СДСМ пред МНТ, давајќи им кураж да останат барем до полноќ. Им нудел на сите што ќе издржат да му станат советници, дозна „Плус инфо“, но тие инсистирале да станат дополнителни министри и не успеале да се договорат. За жал на Спасовски и невидена мака на Заев,  издржале скоро до 23 часот. Турските серии ги повлекле пензионерите, а 10-ната млади на протестите заминаа на журка во „Балет“, дозна „Либертас“ и веднаш им пренесе на Милчин, Бејкова, Дерала, Пировска, Сарачини, Зеќири и останатиот дел од булументата на  Сорос. Откриваат и дека неконзистентноста на „протестантите“ потекнувала од дводневното доцнење на исплатата од американскиот филантроп со унгарско потекло, кој фондовите ги пренасочил кај невладините во Грција. Најголем дел милиони на Сорос заминале за печатење на летоците со објаснување како да влезат нелегално во Македонија, како и за обезбедување овчари кои лично им го покажувале патот.

„Плати па клати! На Боемска уличка не моеш без пари да пиеш, човече!“ – бесно извикал екс првиот соросоид со бркови, видно поднапиен. Долгокосиот новинар без ден стаж, пак, немал за „мара“, па и тој збеснал и пеејќи заминал на тезга во „Маракана“, сведочат за драмата камерите пред старо-новиот театар.   На протестот последни останале Спасовски и неговиот верен Едмонд Адеми, кој милно го гледал, масирал и го храбрел да издржи барем до 23.05 часот.

tome status do spasovkiТој бил и единствениот кој ја посведочил желбата на Спасовски, кој бил видно воодушевен од статусот на вработениот  во СДСМ Томе Мурадинов од Радовиш и неговата поетска порака: „Има ли кандидати доброволци да ги силуваме петте уставни судии кои што сакаат да амнестираат педофили? Само имам една желба, сакам мене да ме „помилува“ Маја!“  Спасовски, технички, многу се разнежнил и ратреперен со солзи во очите на кумановски му свикал на Адеми:

Едмонд, веднага да га вработемо овој чедо у МВР! Молим ти се, не можу да работеф без њега, ми фалев ваквија радници. Веднага да му се јављаш и да му понудеш да ми буде саветодавац, советник де! За плату не га питаф, и такој држава ќе га плаќаф!“

Видно воодушевен од сопствената бистра идеја, Спасоски си заминал, а Адеми продолжил да трчка околу него, умилкувајќи му се со зборовите:

„Шефе, најбољи си шефе, закон си шефе. И мене ко шо сум поган на јазик не ќе ми текнеше ова од Мурадинов. Не му веруеф на Чауш кога ми кажуеше за тебе, ама у право бил. Иииии, тек ко ќе му кажеме на Зајо – ќе не награди со нова позиција у влада, па макар дошле на власт и 2038 година. Кој чека ќе дочека бре! Ураааа!“ – извикувал Адеми потскокнувајќи дури заминувале кон партиското седиште, каде веќе со видно нетрпение ја очекувале новата идеја за партиско вработување на Спасовски…

olafОлаф од Фрозен
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

Олаф од Фрозен

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top