| четврток, 6 декември 2018 |

Анонимните му објавија војна на Трамп

Хакерската група Анонимните објави сеопшта војна против претендентот за номинација на Републиканската партија за изборите во САД, Доналд Трамп и ги повика останатите хакери-активисти да се обединат против американскиот милијардер, со тоа што на 1 април ќе ги нападнат сите негови сајтови.

donald tramp

Анонимните на Трамп му објавија војна преку директно обраќање во најнова видео снимка.

– Драг Доналд Трамп, те набљудуваме веќе подолго време и она што го гледаме е мошне вознемирувачко. Го шокираше целиот свет со своите ужасни дела и идеали, вели на снимката еден маскиран хакер.

Тој потоа им се обраќа на хакерите-активисти и граѓани, велејќи: „Ова е повик за оружје. Потребно ни е да ги урнете неговите сајтови, истражете и разоткријте го она што тој не сака јавноста да го знае. Потребно ни е да ја разбиете неговата кампања и да го саботирате неговиот бренд“.

Снимката завршува со порака за Трамп: „Ова не е предупредување, ова е објава на сеопфатна војна“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top