Црквата „Св. Константин и Елена“, која се гради на улицата „Македонија“ во Скопје, ќе има златни куполи.
Околу целиот објект се поставени скелиња, а градежните работници, со кранови, ги уредуваат куполите на црквата. Фасадата со орнаменти е речиси завршена. Кога ќе биде готова црквата, надлежните од Македонската православна црква не кажуваат, ниту, пак, до каде е внатрешното уредување.
Од МПЦ лани распишаа конкурс за внатрешно уредување на храмот со кулата-камбанарија, како и партерно уредување на просторот околу црквата. Во конкурсот стоеше дека е потребно да се изработат иконостас, престол-олтар, клупа за владици, архиепископски трон, владички трон, постаменти за икони, клупи за верници, лустери, балдахин за плаштеница, продавници за свеќи, за икони и за книги, бина за хор, продавница за сувенири во кулата-камбанарија, како и технички простории.
Црквата „Свети Константин и Елена“ почна да се гради во ноември 2012 година. Иако првично требаше да се гради на плоштадот Македонија, по негодувањето на јавноста се одбра нова локација, на улицата „Македонија“, веднаш до Домот на Армијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст