| четврток, 6 декември 2018 |

Британскиот министер за Европа утре и задутре во посета на Македонија

Британскиот министер за Европа Дејвид Лидингтон утре и задутре ќе престојува во работна посета на Македонија.

133078608

За време на посетата министерот Лидингтон ќе има средби со заменик-претседателот на Владата задолжен за европски интеграции Фатмир Бесими, министерот за надворешни работи Никола Попоски, со лидерите на политичките партии ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА и со лицата задолжени за прашања поврзани со мигрантската криза, соопшти Британската амбасада во Скопје.

Лидингтон утре ќе учествува на Форум на цивилното општество во ЕУ Инфоцентарот во Скопје. На овој форум ќе учествуваат претставници на невладини организации, академици, активисти и влијателни лица од интернет-заедницата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top