| четврток, 6 декември 2018 |

Мигрантите кои илегално влегоа во Македонија се враќаат во Грција

­ Дел од мигрантите кои вчера попладне илегално ја поминаа македонско-­грчката граница кај гевгелиското село Моин, почнале сами да се враќаат назад на грчка територија откако сфатиле дека не можат да продолжат понатаму, а поголемиот дел од нив се уште се наоѓаат во близина на селото каде беа пресретнати и задржани од нашите армиски и полициски сили, изјавија за МИА од регионалниот ЦУК Гевгелија.

gevgelija_begalci4

Оттаму соопштија дека групата од околу 500 мигранти била насочена каде и како да ја поминат границата со помош на флаери напишани на арапски и грчки јазик кои им биле поделени од страна на грчки невладини организации.

Во текот на денот се очекува да биде постигнат договор меѓу двете страни за враќање на сите мигранти на грчка територија, односно во кампот во Идомени од каде што се упатиле кон Македонија преку дивите премини.

Состојбата на теренот и во ПТЦ Гевгелија моментно е стабилна и мирна. Раководителот на ПТЦ Зоран Лазаревски рече дека кампот е празен, односно дека таму се сместени мигрантите што беа спасени вчера од давење во Сува Река и уште дваесетина мигранти кои се вратени од кампот во Табановце.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top