Заборавете на бесконечните салати, вежбање и гладување бидејќи тоа не е главниот пат до губење на килограмите. Клучот е во мозокот.
Научниците тврдат дека самосвеста, која се постигнува со техниките на медитација, може да ни помогне да ги сфатиме сигналите на нашето тело кога е гладот во прашање. Тоа значи дека личноста ќе јаде само тогаш кога ќе почувстува потреба, со што ќе го прекине добивањето вишок килограми. Експертите веруваат дека токму ова е клучен фактор кој недостасува во сите препораки за техниките на ефективното губење килограми.
Дански истражувачи направиле серија студии за да утврдат како самосвесноста, која вклучува блокирање на сите пречки, фокусирање на сегашноста и слушање на своето тело, ги спречува луѓето да јадат непромислено.
Волонтерите прво пиеле милкшејк, а потоа јаделе чоколадо. Некои волонтери се чувстувале исто, па пак јаделе чоколадо. Утврдено е дека тие лица се свесни за себе, за своите потреби и за потребите на своето тело и имаат силна контрола врз него. Од друга страна, имало и такви кои не размислувале и едноставно ја изеле целата чоколада, без разлика што во милкшејкот имало шлаг.
Експрертите тврдат дека и слушањето музика и зборови кои служат за отпуштање на нашиот ум и медитација неколку минути дневно им помага на луѓето да сфатат дали се гладни. Во истражувањето учестуваат 400 лица кои се вегани 2,5 години.
Истражувачите веруваат дека со слушање на телото и со блокирањето на пречките стануваме свесни дали сме вистински гладни или јадеме бидејќи така сме навикнале. Тие им советуваат на лицата што сакаат да ослабнат помалку внимание да им посветат на ригорозните диети, а повеќе на својот ум и на медитацијата, кои ја зголемуваат самоконтролата и самодовербата. Тоа им дава сила да го ограничат внесот на калории и да ги променат навиките на исхрана.
– Сѐ е поврзано со емоциите и со умот. Малку јадење не значи дека ќе ги загубите калориите, мора да се вклучи и умот – изјави доктор Иајн Кембел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.