Сехер Чагли Демир, која студирала туризам и хотиелерство и била новинарка-соработник на опозицискиот весник „Џумхуриет“, е посочена од локалните турски медиуми како виновна за терористичкиот напад.
На една од фотографиите е прикажана со лента во боите на курдското знаме.
Турската полиција денес во близина на сириската граница привела четири лица осомничени за поврзаност со бомбашкиот напад изведен во центарот Анкара.
Во вчерашниот бомбашки напад во турскиот главен град загинале најмалку 37 лица, изјавил турскиот министер за здравство Мехмет Муезиноглу и засега никој не преземал одговорност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.