Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, кој од вчера е во официјална посета на Египет, попладне во Каиро ќе се обрати на отворањето на бизнис-форум за презентација на инвестициските можности во Македонија.
Бизнис-поволностите во Македонија ќе ги претстави министерот без ресор задолжен за привлекување странски инвестиции Бил Павлески. Целта на форумот е јакнење на економската соработка со Египет, за која, меѓу другото, разговараа и претседателите на двете држави Иванов и Абдел Фатах ал-Сиси на вчерашната средба.
Иванов изјави дека двете земји треба да се фокусираат на области со кои ќе ја продлабочат соработката зашто имаат потенцијали што треба да се искористат. Рече и дека очекува позитивна реакција од египетската бизнис-заедница за денешениот бизнис-форум и дека Македонија може да биде порта на Египет кон европскиот пазар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Претседателот Иванов на Климатскиот самит во Катовице
-
Кабинет на Иванов: Вистината боли, дотолку повеќе што раководството на СДСМ е свесно за предавството коешто го нуди на македонскиот народ
-
Кабинет на Иванов: Владата самата да се запраша зошто е исвиркана
-
Претседателот Иванов со порака до граѓаните: На Илинден сите дојдете на Мечкин Камен во Крушево