| четврток, 6 декември 2018 |

Објавени снимки од експлозијата во Анкара

ankara eksplozijaНа социјалните мрежи е објавена снимка на која се гледа моментот на експлозијата во Анкара во која животот го загубија 34 лица, а беа ранети 125 луѓе.

Сѐ уште никој не ја презеде одговорноста за нападот, а неименувани извори од истрагата наведуваат дека првичните резултати укажуваат дека зад нападот стои Работничката партија на Курдистан или група поврзана со нив.

Експлозијата одекнала во близина на централниот парк Гевен. Потоа се слушнале и неколку истрели. Областа била евакуирана поради страв од нов напад.

Според телевизијата НТВ, експлозивот бил сместен во автомобил, додека државната ТРТ известува дека експлозијата следувала по судаир на автомобил и на автобус во кој се наоѓале дваесетина луѓе.

Хуриет потсетува дека САД три дена претходно ги предупредија своите државјани на можен напад во Анкара.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top