| четврток, 6 декември 2018 |

Поранешни професионални војници ќе потпишат договори за вработување

vojnici 2

Министерот за одбрана Зоран Јолевски денеска ќе потпишува договори за вработување на поранешни професионални војници во Армијата на Република Македонија.

Согласно одлуката на Владата, вработени ќе бидат поранешните професионални војници, чиј договор за служба во АРМ завршил со навршување на старосната граница од 35, односно 38 години.

Се работи за лица кои потоа останале невработени, а врз основа на Законот за служба во АРМ поднеле барања за вработување најдоцна до крајот на јануари годинава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top