| четврток, 6 декември 2018 |

ТЕСТ: Дали Тој е вистинскиот за вас?

1-5-znaci-deka-ste-vo-zdrava-ljubovna-vrska-www.psihologija.com_.mk_

Ако сè уште не сте сигурни дали вашиот партнер е вистинскиот за вас, тогаш овој едноставен тест од само 5 прашања може многу да открие за вашата врска.

1.Додека се бакнувате, вие:

а) Имате чувство како секој пат да е различно.

б) Целосно сте отпуштени – како конечно да постои светски мир!

в) Многу малку ви недостасува да почнете да се смеете.

2. Како најчесто го поминувате вашето заедничко време?

а) Се гледате откако тој ќе ви пише „Дали си за?” по што следат 9 емотикони во различни љубовни нијанси.

б) Разговарате за дневните случувања, а потоа гледате епизода од вашата омилена ТВ-серија.

в) Загледани сте во Пинтерест. Поточно, вие го правите тоа. Тој најверојатно е на некој веб-сајт со порно-филмови.

3. Вашиот сексуален живот личи на:

а) Џон Мајер и Кејти Пери: непостојан и огнен.

б) Мила Кунис и Ештон Кучер: сигурен и релативно чест.

в) Оливија Поуп и огромна чаша вино: Кој сексуален живот?

4. Најдоброто нешто кај него е:

а) За време на сексот ви кажува колку сте секси. И неговите стомачни мускули!

б) Тоа што прави претерано вкусна пица… Или што редовно ве задоволува во кревет? Тешка одлука.

в) Подготвен е да ви купи тампони кога ќе го замолите.

5. Што мисли вашата најдобра пријателка за него?

а) Го нарекува со погрдни имиња, но таа не го познава добро и затоа не знае што зборува.

б) Откако ќе испие чаша бело вино, тврди дека тој е вашата сродна душа.

в) Секој пат кога ќе ја прашате за него, таа ја менува темата – чудно.

*

*

*

*

*

*

*

*

Решение:
Најмногу одговори под А: Момче дух

Сега го гледате, сега не. Тој се појавува и исчезнува од вашиот живот кога ќе му падне на памет. Можеби ви изгледа како да сте сродни души, но тоа е така само бидејќи често му се губи траг, па вие скоро и да не го познавате. Внимание: Вистинскиот е секогаш расположен да поминувате време заедно.

Најмногу одговори под Б: Цврст како карпа

Вие двајца веќе некое време мирно пловите заедно. Тој е посветен на вашата врска и лесно би можел, како што вели Фиби од ТВ серијата „Пријатели”, да биде вашиот јастог. Но, не заборавајте дека одвреме-навреме е неопходна и доза романса, како вечерни излегувања во вашиот омилен ресторан или секс кој трае подолго од 15 минути.

Најмногу одговори под В: Господин привремен

Длабоко во себе вие знаете дека тоа не е тоа кога станува збор за овој дечко, но дури и самата помисла на суровата самотија ве ужасува. Знаете што е најстрашно? Кога играте на сигурно со погрешниот маж, сè до бракот и потоа станувате очајна домаќинка која го изневерува својот сопруг со вистинскиот. Соберете храброст и раскинете му пред да биде доцна, сингл животот не мора да значи и осаменост.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top