| четврток, 6 декември 2018 |

Митерленер: Бегалците свесно седат во кал, така вршат притисок

бегалци

Австрискиот вицепремиер, Рајнхолд Митерленер, изјави дека бегалците на грчко-македонската граница свесно седат на дожд и во кал, за да извршат притисок за отварање на балканската рута.

Митерленер во изјава за виенскиот весник „Кронен цајтунг“, рече дека фотографиите со деца и бебиња во кал свесно се политизираат.

-Во Грција има на располагање сместувања кои одговараат особено за семејства и деца, но многу бегалци не ги прифаќаат за да извршат притисок со цел отворање на балканската рута – изјави Митерленер.

Тој рече дека сликите со бебиња во кал можат да се избегнат со сместување на бебињата во болници.

– На бебињата им посакувам добра иднина, се надевам во Европа – порача Митерленер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top