| четврток, 6 декември 2018 |

Кикириките го намалуваат ризикот од дебелеење

Конзумирањето кикирики кај децата е поврзано со намалување на ризикот за дебелеење, објавија американски научници од Универзитетот Хјустон.

kikiriki

Податоците собрани во текот на 12 недели од 257 ученици од основно училиште, покажуваат и дека конзумирањето путер од кикирики исто така е поврзано со намалување на индексот на телесна маса кај децата.

Позитивното влијание на кикириките е вочено кај децата кои го јаделе 3-4 пати неделно.

Освен што содржи бројни хранливи состојки, кикириките се поврзани и со брзото постигнување на чувство на ситост, додаваат истражувачите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top