| четврток, 6 декември 2018 |

Со овие трикови ќе изгледате убаво и без грам шминка на вашето лице

Ако се залагате за природен изглед или едноставно сте премногу мрзеливи за да се шминкате секое утро, тоа не значи и дека не може да изгледате убаво.

devojka-lepota-šminka-750x400

Со помош на само неколку едноставни трикови, ќе изгледате свежо и убаво, дури и без грам шминка на вашето лице.

Сè што ви е потребно е ладна вода, лажица, пинцета, виткач за трепки, балзам за усни, сунѓерче, четкичка за заби и крема. Погледнете во видео записот и како да ги употребите:

Неколку совети:

– Измијте го лицето со ладна вода, порите ќе бидат помали а со тоа и помалку забележителни, а лицето ќе биде посвежо.

– Чувајте лажицата во фрижидер, па така изладена наутро држете ја околу oчите, со што ќе ја намалите отеченоста и подочниците.

– Два пати неделно истријте го лицето со малку погрубо сунѓерче. Така ќе ги отстраните мртвите клетки, а тоа е икслучително важно за убава и чиста кожа.

– Секој ден нанесувајте хидратантна крема.

– Редовно средувајте ги вашите веѓи и одржувајте ги уредни.

– Усните секојдневно нежно истријте ги со четкичка за заби, а потоа намачкајте балсам, особено ако ова го правите пред да излезете од дома. Тие ќе бидат меки и румени.

– Трепките свиткајте ги со виткач за трепки, а со тоа ќе постигнете ефект како да се ставиле малку маскара.

– И секако, водете сметка вашата коса да е чиста и уредна, исто како и вашите нокти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top