| четврток, 6 декември 2018 |

Како да препознаете квалитетен интегрален леб?

Лебот е многу важна намирница во исхраната. Содржи биолошки вредни белкови, шеќери, минерали, витамини. Количината на диеталните влакна како и содржината на маснотијата зависат од видот на брашното.

Леб од полно зрно има околу 200 килокалории, а белиот леб има 240 килокалории.

Лебот од цело зрно жито, таканаречен интегрален, побогат е со минерали од белиот, содржи повеќе влакна, ја поттикнува работата на цревата, дава ситост подолго време. Треба да се џвака подолго време и така се спречува настанувањето на забниот кариес.

Како да се разликува обоен од вистински интегрален леб?

-Најчесто е повеќе тежок и е помал.

-Визуелно е понеугледен, за разлика од оние кои се „напумпани“ со адитиви кај обоениот бел леб

-Има рамномерна боја, за разлика од обоениот леб, каде што тената боја во средина е помалку интензивна

– На средина се гледаат ситни честички од житното зрно, кои се носители на минерални материи

Одделни производители под името црна или интегрален леб го нудат оној каде што темната боја се додава вештачки.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top