| четврток, 6 декември 2018 |

БиХ: Мајка ги искористувала децата за порнографија

Судот во Велика Кладуша, Босна и Херцеговина одредил притвор на А.К. мајка на две малолетни деца поради сомнеж дека сексуално ги злоупотребувала децата и ги искористувала за порнографија.

Откако била уапсена, несреќните деца ги презел Центар за социјална работа, а како што дознаваат медиумите во таа земја, еден ден подоцна децата биле вратени кај мајката. Бидејќи станува збор за мали деца во Центарот не сакале да го коментираат случајот.

Според неофицијални информации децата не биле животно загрозени и се верува дека не биле физички малтретирани, а полицијата во нивната куќа нашла порнографски фотографии и снимки. До сознанието дека мајката сексуално ги злоупотребува, се дошло многу случајно.

Неодамна обвинителството на БиХ го обвини сопругот на осомничената жена за придружување кон Исламската држава и војување во подрачјето на Сирија и Ирак. Во склоп на истрагата бил нареден претрес на куќата, каде што биле пронајдени докази за сексуална злоупотреба на двете деца.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top