Американскиот претседател Барак Обама и неговата сопруга Мишел беа домаќини на мала, интимна забава во нивниот дом во четвртокот навечер, како што правеле многупати досега.
Но, првпат на овие вечери беа повикани и нивните ќерки Малиа (17) и Саша (14).
Девојките изгледаа одлично, а гостите забележаа дека пораснале и станале многу сериозни. Обличени со стил, елегантни и убави, тие ги придружуваа нивните родители на вечерата на која главен гостин беше канадскиот премиер Џастин Трудо и неговата сопруга.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.