Прле и Тихи го одбележаа детството на повоените југословенски генерации , серијата „Отпишани“ се уште се гледа како и пред 30, 35 години, а Воја Брајовиќ со тешко срце се прости од Прле – неговиот пријател Драган Николиќ кој почина утрово во Белград.
Актерот Воја Брајовиќ кажа дека Драган Николиќ бил дел од ексју авангардата, благодарение на неговиот талент, шарм и непосредност во работата „сите ние сме бил дел од Европа и светото, пионери на новата стварност“.
-Тој беше инспирација за се што беше ново и беше толку непретенциозен, не давајќи си себе си на важност,одговорен и на модерен начин ја сфаќаше уметноста со која се занимаваше – изјавил Брајови и потенцирал дека Николиќ од првите па се до последните улоги фасцинантно бил посветен на професијата.
Медиумите ја пренесоа и изјавата на Воја во едно недамнешно интервју во кое се осврна и на пишувањата на медиумите за болеста на Драган:„Медиумите не сфаќаат дека таквото пишување многу го навредува семејството. Не можев да ги убедам Милена и Драган дека на нив никој лично не им посакува зло. Медиумите не се радуваат што неговата болест зема замав но се радуваа што имаат вест. Но ако ти правиш зло, без оглед зошто, како е можно луѓето да се занимаваат со таква работа? – се прашуваше Брајовиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Две години од смртта на Драган Николиќ: Неговата неутешна Милена објави трогателен некролог
-
Некој му ги извадил очилата: Повторно оксвернавен споменикот на актерот Драган Николиќ (фото)
-
Легендарниот актер Гага Николиќ не се викал Драган
-
Николиќ ќе го менува Матиќ на тренерската функција во Карпош Соколи?!