| четврток, 6 декември 2018 |

Лепа Брена по Мирослав Илиќ со нова шокантна изјава и тоа за Весна Змијанац

Учеството на Весна Змијанац  во реалното шоу „Фарма“ предизвика бројни коментари, а и нејзината колешка Лепа Брена смета дека тоа не и требаше во кариерата. Фолк ѕвездата смета дека  на Весна ќе и беше подобро да останеше во жирито „Никогаш не е доцна“ каде  ја третираа како кралица.

86834_1vesna-brena-614x330

-Таа кај нас беше госпоѓа, и дама и кралица, а таму што е, сама нека си размисли. За мене реалните шоу програми се медиумски хорор. Не знам како нашиот закон дозволува да се прикажува агресивноста и неморалот во тие програми. Тоа е такво деградирање на човекот во секоја смисла – изјавила Брена потсетувајќи се на времето кога на телевизиите се прикажувала сосема поинаква програма.

86834_lepa-brena-vesna-zmijanac-foto-damir-dervisagic-1412148766-577290

-Ние гледавме олимпијади, филмски фестивали, Евровизија. Тогаш знаевме кој спортист освоил каква медала. Јас израснав на поинакви ќе речам вистински вредности. Ги почитувавме нашите научници,  а какво време сега дојде – разочарано коментирала Брена.

lepa-brena-vesna-zmijanac-foto-damir-dervisagic-1457091383-856669-650x439

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top