| четврток, 6 декември 2018 |

Чавков: Спасовски го растура МВР

Це­лос­но е сус­пен­ди­ра­на за­кон­ската ор­га­ни­за­ци­ска и функ­ци­о­нал­на по­ста­ве­ност на МВР и по­дел­ба­та на по­ли­тич­ко, стра­те­ги­ско и та­ктич­ко ни­во прос­ле­де­но со де­фо­ку­си­ра­ње од стра­те­ги­ски­те при­о­ри­те­ти, по­со­чу­ва до­пол­ни­тел­ни­от за­ме­ник-ми­ни­стер Ми­тко Ча­вков, кој го­во­ри за ха­ос, прав­на не­си­гур­ност и вна­треш­ни хај­ки во министерството

Во вре­ме ко­га др­жа­ва­та се со­о­чу­ва со без­бед­но­сен ри­зик по­ра­ди еми­гра­ци­ски­от нап­лив, се има чув­ство де­ка МВР, сто­же­рот на без­бед­но­ста, не функ­ци­о­ни­ра, а при­тоа вна­тре се ко­му­ни­ци­ра пре­ку со­оп­ште­ни­ја и тол­ку­ва­ња на суд­ски од­лу­ки.

Чавков: Во кон­текст на акту­ел­ни­те без­бед­нос­ни пра­ша­ња, на еми­гра­ци­ска­та кри­за, се на­о­ѓа­ме во иск­лу­чи­тел­но чув­стви­те­лен вре­мен­ски пер­и­од, ко­га се акту­ел­ни и без­бед­нос­ни­те за­ка­ни од ас­пект на на­си­лен ек­стре­ми­зам, те­ро­ри­зам и еми­гра­ци­ски­те про­це­си, но мо­рам да кон­ста­ти­рам де­ка МВР функ­ци­о­ни­ра та­ка што са­мо по се­бе е не­со­од­вет­но за ефи­кас­но и за ефе­ктив­но со­о­чу­ва­ње со ри­зи­ци­те и со пре­диз­ви­ци­те со кои се со­о­чу­ва­ме.

Са­кам да да­дам еден при­каз на МВР пред ова наз­на­чу­ва­ње на тех­нич­ки­от ми­ни­стер и во тој кон­текст, ка­ко дол­го­го­ди­шен ра­бот­ник во Ми­ни­стерс­тво­то, ре­чи­си 30 го­ди­ни, сум ги по­ми­нал си­те ни­воа, мо­жам да ка­жам де­ка го поз­на­вам си­сте­мот, но не би одел исто­ри­ски, ту­ку од 2006 го­ди­на на­ва­му, до наз­на­чу­ва­ње на тех­нич­ки­от ми­ни­стер од СДСМ.

Тоа бе­ше пер­и­од на ин­тен­зив­ни ре­форм­ски про­це­си во МВР, кои да­ваа ре­зул­та­ти. Ова не слу­чај­но го спо­ме­ну­вам би­деј­ќи на До­го­во­рот од Пр­жи­но му прет­хо­деа мно­гу шпе­ку­ла­ции и кон­струк­ции за, на­вод­но, пар­ти­за­ци­ја и по­ли­ти­за­ци­ја во МВР и не са­мо пред до­а­ѓа­ње­то на Спа­сов­ски. Тој и по до­а­ѓа­ње­то во МВР про­дол­жи со та­ква­та ре­то­ри­ка и да­ва та­кви ква­ли­фи­ка­ции.

Но, си­ту­а­ци­ја­та е со­се­ма по­и­на­ква, јас би го де­ман­ти­рал ту­ка со кон­крет­ни фа­кти, ги на­ве­дов ре­форм­ски­те про­це­си, чи­ја­што пос­ле­ди­ца се иск­лу­чи­тел­но ви­со­ки­те до­стиг­ну­ва­ња на МВР ка­ко ин­сти­ту­ци­ја што има важ­на уло­га­та на чу­ва­ње на без­бед­но­ста и на јав­ни­от ред и мир во др­жа­ва­та.

Пос­ле­ди­ца на тие ре­фор­ми се и мно­гу­број­ни­те приз­на­ни­ја. Два­на­е­сет го­ди­ни ОБ­СЕ спро­ве­ду­ва раз­лич­ни оп­сеж­ни ан­ке­ти за до­вер­ба­та на гра­ѓа­ни­те во по­ли­ци­ја­та. Од 2008 го­ди­на ние има­ме кон­ти­ну­и­ран по­раст на до­вер­ба­та од гра­ѓа­ни­те во ра­бо­та­та на по­ли­ци­ја­та, а мо­жам сло­бод­но да ка­жам де­ка по­ка­за­те­ли­те се им­пре­сив­ни би­деј­ќи се над про­се­кот во др­жа­ви­те од ЕУ.

Друг по­ка­за­тел се гло­бал­ни­те из­ве­штаи на аме­ри­кан­ски­от Стејт де­парт­мент за ка­па­ци­те­ти­те на др­жа­ви­те во иско­ре­ну­ва­ње­то и во бор­ба­та со тр­го­ви­ја­та со лу­ѓе. Ма­ке­до­ни­ја по­ве­ќе го­ди­ни на­на­зад се на­о­ѓа во пр­ва­та гру­па др­жа­ви со раз­ви­е­ни ка­па­ци­те­ти, во друш­тво со не­кол­ку др­жа­ви од ЕУ, Ве­ли­ка Бри­та­ни­ја, Фин­ска, Ита­ли­ја, Фран­ци­ја, Гер­ма­ни­ја, или по­ши­ро­ко во друш­тво со САД.

И да не на­бро­ју­вам мно­гу за по­ка­за­те­ли­те за кои јав­но­ста зна­е­ и бе­ше ин­фор­ми­ра­на во кон­ти­ну­и­тет за се­то тоа што бе­ше до­стиг­ну­ва­ње во бор­ба­та про­тив ор­га­ни­зи­ра­ни­от кри­ми­нал и те­ро­ри­зам. Не­ма исто­ри­ски да се освр­ну­вам, ќе ги спо­ме­нам са­мо „Ди­во На­се­ље“, ак­ци­ја­та „Ќе­ли­ја“, кои се пос­лед­ни од та­ков обем на МВР и мис­лам де­ка Ми­ни­стерс­тво­то е зас­луж­но за чу­ва­ње на без­бед­нос­на­та со­стој­ба во др­жа­ва­та, ко­ја бе­ше до­ве­де­на во пра­ша­ње, осо­бе­но со слу­ча­јот „Ди­во На­се­ље“, но со ефи­кас­на и ефе­ктив­на енер­гич­на ак­ци­ја беа спре­че­ни за­ка­ни­те и на­ме­ри­те за де­ста­би­ли­за­ци­ја на др­жа­ва­та.

 

И со До­го­во­рот од Пр­жи­но, наме­сто струч­њак, до­а­ѓа ге­не­рал­ни­от се­кре­тар на СДСМ, кој поч­ну­ва да но­си и вра­бо­ту­ва партиски лу­ѓе, уна­пре­ду­ва­ња без да се по­чи­ту­ва си­сте­мот на ка­ри­е­ра во МВР,, за по­тоа вра­бо­те­ни во МВР и по­ли­ци­ја­та да ис­пра­ќа­ат по­ра­ки за на­силс­тво кон јав­но­ста. Ка­ко вли­јае се­то тоа и што мо­же да се на­пра­ви за да се пре­ве­ни­ра?

Чавков: Не слу­чај­но по­со­чив на пер­и­о­дот пред до­а­ѓа­ње­то на Спа­сов­ски. Се­га, пра­ктич­но, се гле­да еден пре­о­ден по­и­на­ков пер­и­од. Тоа што дој­де ге­не­рал­ни­от се­кре­тар на функ­ци­ја­та, сме­тав и имав про­це­на де­ка ќе има зна­чи­те­лен то­вар на до­пол­ни­тел­на по­ли­тич­ка од­го­вор­ност би­деј­ќи се ра­бо­ти за ге­не­рал­ни­от се­кре­тар во СДСМ, нај­го­ле­ма­та опо­зи­ци­ска пар­ти­ја. Ток­му од таа по­зи­ци­ја Спа­сов­ски тре­ба­ше да би­де вни­ма­те­лен за си­те тие по­стап­ки и дејс­тва што ги пре­зе­де. Оче­ку­вав по­стап­ки во ду­хот на До­го­во­рот од Пр­жи­но, на вос­по­ста­ву­ва­ње ед­на до­вер­ба во оп­штес­тво­то, но, ме­сто тоа, бев из­не­на­ден, се слу­чи­ја со­се­ма спро­тив­ни ра­бо­ти.

 

Mitko-Cavkov-int183-2

 

Има ли ред се­га во МВР?

Чавков: Мо­рам да ви ка­жам де­ка не­ма ред во МВР би­деј­ќи тој што тре­ба да го вос­по­ста­ву­ва и га­ран­ти­ра ре­дот, тој е ге­не­ра­тор на ха­ос, на не­ред, на прав­на не­си­гур­ност. Во тој кон­текст ќе трг­нам од пр­ви­от не­гов по­тег ко­га дој­де за ми­ни­стер. Пр­ва­та од­лу­ка бе­ше од­зе­ма­ње на ов­ла­сту­ва­ња­та од ди­ре­кто­ри­те на Би­ро­то за јав­на без­бед­ност и на Упра­ва­та за без­бед­ност и за кон­тра­ра­зуз­на­ва­ње, ка­ко и ов­ла­сту­ва­ња­та на на­чал­ни­ци­те на ре­ги­о­нал­ни­те се­кто­ри за вна­треш­ни ра­бо­ти.

Тоа бе­ше прв че­кор што за ме­не бе­ше еден ја­сен по­ка­за­тел де­ка ра­бо­ти­те не­ма да се дви­жат по до­бар пат. Втор че­кор по­на­та­му бе­ше не­го­во­то оп­кру­жу­ва­ње со по­ли­ци­ски со­вет­ни­ци, пра­ктич­но, со ли­ца што се чле­но­ви на ма­тич­ни­те ко­ми­сии во СДСМ. Вед­наш поч­на со пар­ти­за­ци­ја на МВР пре­ку ре­гру­ти­ра­ње нив­ни пар­ти­ски акти­ви­сти, кои над­вор од си­сте­мот за упра­ву­ва­ње чо­веч­ки ре­сур­си беа по­ста­ву­ва­ни на раз­лич­ни не­со­од­вет­ни по­зи­ции со ско­ка­ње на не­кол­ку по­зи­ции на­го­ре. Со тоа, пра­ктич­но, на­пра­ви­ја ха­ос. Ор­га­ни­за­ци­ја­та, стру­кту­ра­та и функ­ци­о­ни­ра­ње­то на МВР е утвр­де­но со За­ко­нот за вна­треш­ни ра­бо­ти. Мно­гу јас­но и нед­вос­мис­ле­но е утвр­де­но де­ка во функ­ци­о­ни­ра­ње­то на МВР има три ни­воа. Тоа е по­ли­тич­ко ни­во – ми­ни­сте­рот и не­го­ви­те со­вет­ни­ци; стра­те­ги­ско ни­во – око­лу ди­ре­кто­ри­те за Би­ро­то за јав­на без­бед­ност, Упра­ва­та за раз­уз­на­ва­ње и за кон­тра­ра­зуз­на­ва­ње; и опе­ра­тив­но-та­ктич­ко­то ни­во пре­ку ре­ги­о­нал­ни­от се­ктор за вна­треш­ни ра­бо­ти. Зна­чи, ја­сен си­стем на де­цен­тра­ли­за­ци­ја, кој це­лос­но го на­ру­ши­ја со ди­рект­но ме­ша­ње лич­но од стра­на на ми­ни­сте­рот, кон­крет­но во опе­ра­тив­но-та­ктич­ки пра­ша­ња. Ме­шај­ќи се во раз­ни истра­ги и за­ни­ма­вај­ќи се со по­ви­ку­ва­ње ли­ца за кои се во­дат не­ка­кви кон­стру­и­ра­ни слу­чаи, па еве има­ме ин­фор­ма­ции де­ка тоа по­ви­ку­ва­ње е прос­ле­де­но со одре­де­ни за­ка­ни, и да не на­бро­ју­вам… тоа е, пра­ктич­но, ге­не­ри­ра­ње ха­ос. И тоа ток­му во вр­вот на ад­ми­ни­стра­ци­ја­та на МВР. Тоа не мо­же да во­ди на до­бро за­тоа што соз­да­ва ед­на прав­на не­си­гур­ност кај вра­бо­те­ни­те. Не­за­кон­ски сме­ни­ја пет на­чал­ни­ци на ре­ги­о­нал­ни цен­три за вна­треш­ни ра­бо­ти, а на нив­но ме­сто по­ста­ви­ја лу­ѓе што не се вкло­пу­ва­ат во за­кон­ски утвр­де­ни­те кри­те­ри­у­ми. Ско­ка­ат по не­кол­ку хи­е­рар­хи­ски ни­воа за да би­дат по­ста­ве­ни за на­чал­ни­ци на ре­ги­о­нал­ни цен­три. Во Ку­ма­но­во по­ли­ца­ец е по­ста­вен за на­чал­ник на ре­ги­о­на­лен цен­тар. Во Скоп­је е по­ста­вен акти­вист на СДСМ, кој мис­лам де­ка бе­ше ан­га­жи­ран во обез­бе­ду­ва­ње­то на Ше­ке­рин­ска на ед­ни од из­бо­ри­те. Од не­го ќе оче­ку­ва­те де­пар­ти­за­ци­ја? Би­деј­ќи тие на­ста­пу­ва­ат со те­зи де­ка ВМРО-ДПМНЕ го пар­ти­зи­ра­ло МВР, што не е точ­но. Прет­ход­ни­те по­ка­за­те­ли што ги ка­жав го­во­рат ток­му за спро­тив­но­то. Де­ка МВР е про­фе­си­о­нал­но.

 

Ту­ка до­а­ѓа­ме до слу­чајот со при­ве­ду­ва­ње­то на Ед­монд Те­мел­ко, кој го спо­ре­ди од­не­су­ва­ње­то на на­чал­ни­кот во Би­то­ла со од­не­су­ва­ње во вре­ме­то на грч­ки­те по­ли­цај­ци.

Чавков: Ин­те­ре­сен е при­ме­рот што го да­до­вте. Тој при­мер ја до­ка­жу­ва те­за­та де­ка се из­ме­ша­ни од­го­вор­но­ста и актив­но­сти­те што се до­ве­ду­ва­ат на раз­лич­ни ни­воа. Има­те ми­ни­стер за вна­треш­ни ра­бо­ти што ди­рект­но, во до­го­вор со на­чал­ни­кот на се­кто­рот за вна­треш­ни ра­бо­ти во Би­то­ла, со уште еден по­ли­ца­ец, без зна­е­ње на ди­ре­кто­рот за јав­на без­бед­ност, без зна­е­ње на ко­ман­ди­рот на по­ли­ци­ска­та ста­ни­ца во ма­тич­но­то ме­сто ка­де што жи­вее Ед­монд Те­мел­ко, ор­га­ни­зи­рал упад врз ос­но­ва на не­ко­ја на­ред­ба од СЈО и вр­ши не­за­кон­ско ли­шу­ва­ње од сло­бо­да. За што мис­лам де­ка од кри­вич­ни­от со­вет во Ос­но­вен суд Скоп­је 1 ве­ќе е утвр­де­но де­ка се ра­бо­ти за не­за­кон­ско ли­шу­ва­ње од сло­бо­да. Зна­чи, ек­ла­тант­но кр­ше­ње на про­пи­си­те во МВР.

 

Што е со пре­те­пу­ва­ње­то на То­дор Пе­тров? Ра­бо­ти ли по­ли­ци­ја­та на тој слу­чај?

Чавков: Еве два слу­ча­ја во кои мо­же­ме да ви­ди­ме раз­ли­чен при­стап на по­ли­ци­ја­та. Ако кај Ед­монд Те­мел­ко, на не­кој на­чин, има­те трг­ну­ва­ње на си­сте­мот на­стра­на, па се ан­га­жи­ра­ни не­кол­ку лу­ѓе за ли­шу­ва­ње од сло­бо­да, ту­ка има­те не­е­фи­кас­но по­ста­пу­ва­ње на по­ли­ци­ја­та. Се ра­бо­ти за слу­чај на на­силс­тво во кој, спо­ред ме­не, се ис­пол­не­ти ус­ло­ви­те за опре­де­лу­ва­ње при­твор. Во тој слу­чај по­ли­ци­ја­та мо­же да ли­ши од сло­бо­да без наредба од су­ди­ја на прет­ход­на по­стап­ка и ли­це­то кое ќе би­де ли­ше­но од сло­бо­да да го спроведе пред су­ди­ја на прет­ход­на по­стап­ка кој од­лу­чу­ва за за­ко­ни­сто­ста на по­ста­пу­ва­ње­то. Во овој слу­чај МВР не по­ста­пу­ва­ше со­од­вет­но, ре­а­ги­ра­ше тро­ма­во, со до­пи­си, со по­ка­ни, со служ­бе­ни бе­ле­шки…

 

Ви­сок по­ли­ци­ски служ­бен во Ча­ир во мо­мен­тот ко­га То­дор Пе­тров бе­ше на­пад­нат, пре­ку Фејсбук упа­ти порака „си­те ќе за­вр­ши­те ка­ко не­го“.

Чавков: Су­штин­ско е пра­ша­ње­то да­ли има ли­чен и про­фе­си­о­на­лен ин­те­гри­тет, а не да­ли има по­ли­тич­ко убе­ду­ва­ње. По­сто­јат пра­ви­ла што тре­ба да би­дат при­ме­не­ти во оваа си­ту­а­ци­ја, има мно­гу та­кви при­ме­ри во кои е не­оп­ход­но да се спро­ве­де дис­цип­лин­ска по­стап­ка за на­ру­шу­ва­ње на уг­ле­дот на МВР со сопс­тве­ни те­зи. Ние ка­ко при­пад­ни­ци на МВР тре­ба да би­де­ме га­ран­ци­ја за без­бед­но­ста и за јав­ни­от ред и мир, да би­де­ме га­ран­ци­ја за гра­ѓа­ни­те, а не да на­ста­пу­ва­ме од пар­ти­ски по­зи­ции и при­тоа да иска­жу­ва­ме мис­ле­ње и ста­во­ви што се спро­тив­ни на стан­дар­ди­те што тре­ба да ва­жат за ед­но од­не­су­ва­ње со ин­те­гри­тет на по­ли­ци­ски служ­бе­ник. Во тој кон­текст мо­рам да ка­жам де­ка ги сле­ди­ме си­те тие со­стој­би , ги де­те­кти­ра­ме, и во тој кон­текст би са­кал да ис­пра­там две по­ра­ки. Ед­на­та по­ра­ка е во пра­вец на не­про­фе­си­о­нал­но­то и не­е­тич­ко од­не­су­ва­ње на одре­де­ни при­пад­ни­ци на МВР, кои го ури­ва­ат уг­ле­дот на МВР. За овие ли­ца ќе се пре­зе­ма­ат дејс­тва и мер­ки…

Ве­ро­јат­но е де­ка тие ќе се со­о­чат со ин­сти­ту­ци­о­нал­на од­го­вор­ност во рам­ки­те на МВР. Зна­чи не со про­ме­ни, не со не­за­кон­ски пре­ме­сту­ва­ња, ту­ку со ин­сти­ту­ци­о­нал­на од­го­вор­ност. Тоа е по­ра­ка што са­кам да ја ис­пра­там до си­те тие при­пад­ни­ци на МВР што го ури­ва­ат уг­ле­дот на ми­ни­стерс­тво­то. Дру­га­та по­ра­ка што са­кам да ја ис­пра­там, пра­ктич­но, се од­не­су­ва на нај­го­ле­ми­от дел на при­пад­ни­ци­те на МВР, кои се ви­стин­ски про­фе­си­о­нал­ци. Ги охра­бру­вам да оп­сто­јат и да из­др­жат и на при­ти­со­ци­те со кои не­кои од нив се со­о­чу­ва­ат или се из­ло­же­ни. Да не на­сед­ну­ва­ат да пре­зе­ма­ат не­за­кон­ски дејс­тва да про­дол­жат да се од­не­су­ва­ат про­фе­си­о­нал­но. Тоа е единс­тве­на га­ран­ци­ја за функ­ци­о­ни­ра­ње­то на МВР на на­чин ка­ко што оче­ку­ва­ат гра­ѓа­ни­те.

 

Ко­га Оли­вер Спа­сов­ски дој­де на функ­ци­ја­та тех­нич­ки ми­ни­стер нај­а­ви еден го­лем слу­чај со фал­си­фи­ку­ва­ни лич­ни кар­ти, кој бе­ше об­ја­вен во не­дел­ни­кот „Фо­кус“. На­ја­ви и го­ле­ма истра­га, но по­тоа се слу­чи афе­ра­та „Фа­бри­ка“ и од Спа­сов­ски не слуш­нав­ме ни­што.

Чавков: Мо­рам да се вра­там на мо­и­те оче­ку­ва­ња отка­ко бе­ше по­ста­вен Спа­сов­ски за ми­ни­стер. Со ог­лед на тоа што не го поз­на­вав прет­ход­но, са­ми­от факт што ста­ну­ва збор за ге­не­ра­лен се­кре­тар на ед­на го­ле­ма по­ли­тич­ка пар­ти­ја, оче­ку­вав де­ка ќе има­ме ра­бо­та со чо­век што ќе има од­го­вор­но од­не­су­ва­ње. Ме­ѓу­тоа, ре­то­ри­ка­та на ге­не­ра­лен се­кре­тар про­дол­жи да ја ко­ри­сти и ко­га бе­ше наз­на­чен за ми­ни­стер. Ка­ко, на при­мер, за ме­не нај­вул­гар­на­та те­за за кон­струк­ци­и­те во Ку­ма­но­во со ко­ја са­каа да ја ста­ват во сен­ка ак­ци­ја­та на по­ли­ци­ја­та. Тој поч­на иста­та ре­то­ри­ка да ја при­ме­ну­ва ко­га дој­де за ми­ни­стер за вна­треш­ни ра­бо­ти оп­стру­и­рај­ќи раз­лич­ни слу­чаи, ини­ци­рај­ќи раз­лич­ни истра­ги, из­ле­гу­вај­ќи на прес-кон­фе­рен­ции, ин­фор­ми­рај­ќи ја јав­но­ста за не­кои го­ле­ми слу­чаи и во тој кон­текст беа по­вр­за­ни слу­ча­и­те со пат­ни­те ис­пра­ви од 2014 го­ди­на, па слу­ча­и­те со лич­ни кар­ти, кои из­ле­гоа по са­мо­то не­го­во наз­на­чу­ва­ње … Се­то тоа бе­ше пре­не­се­но во јав­но­ста та­ка за да се спои со поз­на­ти­от слу­чај со кој се­га се за­ни­ма­ва СЈО за лич­ни кар­ти од Пу­стец.

Са­каа да соз­да­дат фа­ма де­ка ра­бо­ти­те во МВР би­ле тол­ку ис­по­ли­ти­за­ра­ни, што не е точ­но. Мо­рав да из­ле­зам во јав­но­ста по не­го­ви­от на­стап за пат­ни­те ис­пра­ви и за лич­ни­те кар­ти и да го по­ви­кам да се воз­др­жи од та­кви ко­мен­та­ри и од та­кви кон­струк­ции и де­ка мно­гу бр­зо мо­жат да се рас­чи­стат тие ди­ле­ми. И та­ка се слу­чи. Не са­мо што се по­твр­ди, не са­мо што се утвр­ди де­ка не ста­ну­ва збор за кри­ми­нал­ни деј­но­сти во ми­ни­стерс­тво­то, ту­ку се по­твр­ди де­ка ста­ну­ва збор за кри­ми­нал­ни актив­но­сти на ед­на кри­ми­нал­на стру­кту­ра, ко­ја би­ла мно­гу бли­ска во ко­му­ни­ка­ци­и­те со ли­де­рот на СДСМ и со ге­не­рал­ни­от се­кре­тар Оли­вер Спа­сов­ски. Ние открив­ме де­ка тие се кре­а­то­ри­те и на афе­ра­та за пат­ни ис­пра­ви и за лич­ни кар­ти за што се во­дат суд­ски по­стап­ки. Тоа беа слу­чаи што беа зло­у­по­тре­бе­ни со обид да се фр­ли ед­на цр­на дам­ка на функ­ци­о­ни­ра­ње­то на МВР, но, за сре­ќа, про­фе­си­о­нал­ни­те стру­кту­ри ус­пе­а­ја да ги рас­чи­стат тие ди­ле­ми и да по­со­чат што е, пра­ктич­но, ви­сти­на­та. Во тој кон­текст беа спо­ме­на­ти и евен­ту­ал­ни­те во­зач­ки доз­во­ли. Вед­наш след­ни­от ден се по­твр­ди де­ка ста­ну­ва збор за гре­шка на ед­на ме­ѓу­на­род­на ре­но­ми­ра­на ком­па­ни­ја со се­ди­ште во Гер­ма­ни­ја. Но, тоа се са­мо слу­чаи од кои мо­же да се ви­ди до кој сте­пен Оли­вер Спа­сов­ски е под­го­твен да го зло­у­по­тре­би МВР за днев­но-по­ли­тич­ки це­ли.

 

Mitko-Cavkov-int183-3

 

На­ско­ро нѐ оче­ку­ва­ат но­ви пре­диз­ви­ци со бе­гал­ци­те. Ка­ко те­че со­ра­бо­тка­та со дру­ги­те зем­ји и кол­ку оваа кри­за мо­же да вли­јае на без­бед­но­ста? Под­го­тве­но ли е МВР да се со­о­чи со ва­ков пре­диз­вик?

Чавков: Акту­ел­на без­бед­нос­на те­ма, акту­ел­но без­бед­нос­но пра­ша­ње. Во кон­текст на мо­мент­ни­те со­стој­би на кои по­со­чив­ме, со не­за­кон­ски­те про­ме­ни и не­за­кон­ски­те наз­на­чу­ва­ња, со суд­ски­те по­стап­ки што се од­ви­ва­ат во Управ­ни­от суд, со пра­во­сил­но­то ре­ше­ние со кое, пра­ктич­но, тре­ба да се вра­тат сме­не­ти­те на­чал­ни­ци и не­за­кон­ски наз­на­че­ни­те из­вр­ши­те­ли од нив­на стра­на. Од дру­га стра­на ри­зи­ци­те со кои се со­о­чу­ва са­мо по се­бе се на­мет­ну­ва ка­ко проб­лем на функ­ци­о­ни­ра­ње­то на ми­ни­стерс­тво­то. До­тол­ку по­ве­ќе што, спо­ред ин­фор­ма­ци­и­те и ко­мен­та­ри­те на нив­ни­те пер­ја­ни­ци во рам­ки­те на МВР, ка­ко со­вет­ни­ци­те или ли­ца­та што вие ги спо­ме­на­вте, пре­ку „Фејс­бук“ и дру­ги со­ци­јал­ни мре­жи, пла­ни­ра­но е да одат и по­на­та­му со не­за­кон­ски про­ме­ни, сѐ со цел да има­ат це­лос­на кон­тро­ла на МВР. Со тоа , од­го­вор­но твр­дам, са­мо ќе се на­мет­не и вос­по­ста­ви це­ло­сен ха­ос во МВР. Си­гур­но е де­ка јас ќе ги ин­фор­ми­рам за тоа прет­став­ни­ци­те на ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца би­деј­ќи во мно­гу од ре­форм­ски­те про­це­си за кои го­во­рев на по­че­то­кот, би­ле ди­рект­но вклу­че­ни и се­га мо­ја­та гри­жа за со­стој­би­те во МВР са­кам да ја спо­де­лам и со тие прет­став­ни­ци.

Ток­му во кон­текст на спре­чу­ва­ње и пре­ве­ни­ра­ње на ид­но ха­о­тич­но од­не­су­ва­ње, на ид­ни ха­о­тич­ни од­лу­ки во рам­ки на МВР, сѐ со цел да мо­же­ме да би­де­ме спо­соб­ни да се со­о­чу­ва­ме со овие без­бед­нос­ни пра­ша­ња, осо­бе­но око­лу еми­грант­ска­та кри­за, за ко­ја гра­ѓа­ни­те на Ма­ке­до­ни­ја се све­до­ци де­ка од ден на ден еска­ли­ра ка­ко со­стој­ба и по­сто­јат ри­зи­ци да из­ле­зат од кон­тро­ла.

Све­до­ци сме на фа­ктот де­ка ЕУ сѐ уште не­ма ед­на за­ед­нич­ка кон­зи­стент­на рам­ка на дејс­тву­ва­ње во од­нос на еми­гра­ци­ски­те проб­ле­ми, не­ма со­од­вет­на ко­ор­ди­на­ци­ја, сѐ по­о­чиг­лед­ни се ин­тен­ци­и­те на на­ци­о­нал­ни­те вла­ди да при­ста­пу­ва­ат кон уни­ла­те­рал­ни ре­ше­ни­ја, и во тој кон­текст ние, ка­ко Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја, се на­о­ѓа­ме во не­за­вид­на по­зи­ци­ја. Гра­ни­чи­ме со Гр­ци­ја, ко­ја има иск­лу­чи­тел­но те­шки проб­ле­ми со еми­гра­ци­ски­те дви­же­ња, тие до­а­ѓа­ат од Тур­ци­ја и се­га, пра­ктич­но, со уни­ла­те­рал­ни­те актив­но­сти на др­жа­ви­те по бал­кан­ска­та мар­шру­та и др­жа­ви­те од крај­на­та де­сти­на­ци­ја, во кон­текст на ре­ду­ци­ра­ње на влез на еми­гран­ти ве­ќе се соз­да­ва ед­на со­стој­ба што мо­же да еска­ли­ра и во Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја и во Ре­пуб­ли­ка Гр­ци­ја.

 

Да се вра­ти­ме на со­стој­би­те во МВР, нѐ оче­ку­ва­ат из­бо­ри, да­ли е МВР во полн ка­па­ци­тет за обез­бе­ду­ва­ње на тие из­бо­ри за сѐ да по­ми­не во со­вр­шен ред, ка­ко што ве­ќе се гла­са во Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја?

Чавков: Јас сум си­гу­рен де­ка МВР има ка­па­ци­те­ти да обез­бе­ди со­од­вет­ни ус­ло­ви за спро­ве­ду­ва­ње фер и де­мо­крат­ски из­бо­ри, тоа би­ло слу­чај и до­се­га. Се­ко­гаш има­ло ор­га­ни­зи­ран си­сте­мат­ски при­стап во пла­ни­ра­ње­то на мер­ки­те и на актив­но­сти­те, штап­ски при­стап во ко­ор­ди­ни­ра­ње­то на актив­но­сти­те пред из­бо­ри­те и за вре­ме на из­бо­ри­те, за тоа мо­жат да све­до­чат мно­гу­те прет­став­ни­ци на стран­ски­те ми­сии во Ма­ке­до­ни­ја, кои би­ле дел од тој ре­пуб­лич­ки опе­ра­ти­вен штаб, кој бил од­го­во­рен за спро­ве­ду­ва­ње на без­бед­нос­ни и со­од­вет­ни ус­ло­ви за фер и де­мо­крат­ски из­бо­ри, и не­за­вис­но од тен­ден­ци­и­те за пар­ти­за­ци­ја на МВР пре­ку не­за­кон­ско наз­на­чу­ва­ња, на­гра­ди на по­ли­тич­ки акти­ви­сти на СДСМ со наз­на­чу­ва­ње на ви­со­ки по­зи­ции над­вор од си­сте­мот за ка­ри­е­ра во МВР, јас сум си­гу­рен де­ка МВР, во нај­го­лем број, го со­чи­ну­ва­ат про­фе­си­о­нал­ци со ви­сок ли­чен и про­фе­си­о­на­лен ин­те­гри­тет и тоа е за ме­не га­ран­ци­ја де­ка и на след­ни­те из­бо­ри ќе се од­не­су­ва­ат про­фе­си­о­нал­но и од­го­вор­но и ќе да­дат при­до­нес за соз­да­ва­ње ус­ло­ви и прет­по­ста­вки за фер и де­мо­крат­ски из­бо­ри.

 

Да­ли сме­та­те де­ка из­бо­ри­те ќе ста­ват крај на ова што го опи­шу­ва­те ка­ко ха­ос во МВР?

Чавков: Мис­лам де­ка са­мо из­бо­ри­те се прет­по­ста­вка за вра­ќа­ње на др­жа­ва­та на ко­ло­сек и вра­ќа­ње на МВР на ви­стин­ска­та па­те­ка на кој бе­ше и сум убе­ден де­ка по тоа ќе се соз­да­дат пре­дус­ло­ви за над­ми­ну­ва­ње на сла­бо­сти­те што по­сто­е­ле во си­сте­мот на МВР, кои беа иско­ри­сте­ни и зло­у­по­тре­бе­ни од ед­на суб­вер­зив­но кри­ми­нал­на стру­кту­ра на лу­ѓе. Се ви­де де­ка тоа се при­пад­ни­ци на СДСМ што го зло­у­по­тре­би­ле си­сте­мот во УБК, не би са­кал ве­ќе да дол­жам би­деј­ќи се во­ди суд­ска по­стап­ка за тоа, а иста­та таа суб­вер­зив­но кри­ми­нал­на стру­кту­ра пра­ктич­но бе­ше ге­не­ра­тор на слич­на актив­ност и во 2001 го­ди­на со афе­ра­та „Го­ле­мо­то уво“.

Во тој кон­текст, мис­лам де­ка са­мо со из­бо­ри ќе се соз­да­дат со­од­вет­ни прет­по­ста­вки за да се над­ми­нат овие со­стој­би и да про­дол­жи­ме да го гра­ди­ме си­сте­мот во МВР над­ми­ну­вај­ќи ги си­те сла­бо­сти и зац­вр­сту­вај­ќи ги си­те ка­па­ци­те­ти во си­те сег­мен­ти на дејс­тву­ва­ње на МВР.

 

Разговараше: Наум Стоилковски
Фото: Александар Ивановски
(Интервјуто со Митко Чавков е објавено во 183. број на неделникот Република, 4.03.2016)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top