| четврток, 6 декември 2018 |

Игор, Тамара, Елена, Каролина – се слави роденденот на Бејби (ФОТО)

10447657_10208924842097074_1323787200287558916_n

Македонската актерка и водителка Весна Петрушевска – Бејби вчера го прослави својот роденден во друштво на своите пријатели.

Игор Џамбазов, Тамара Тодевска, Елена Ристеска, Каролина Гочева, Елена Лука, беа само дел од гостите што го прославија нејзиниот посебен ден.

– Ви благодарам ве сакам најмногу, следниот роденден во конференциска муабет да свртиме, само да се пеело – пишува Бејби.

Петрушевска заедно со Џамбазов, на 27 март на малата сцена во Македонскиот народен театар премиерно ќе ја изведат претставата „Брачна игра“ од авторот Едвард Олби, а во режија на Тони Михајловски.

Преводот го направи Петрушевска, а изборот на музиката е на Џамбазов. Костимограф е Елена Лука, а сценограф Илина Ангеловска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top