„Фиат пунто“ се заби во мостот „Гоце Делчев“ и ја проби оградата. Се уште не се знае здравствената состојба на возачот, кој засега се уште се наоѓа во автомобилот.

Тешката сообраќајна несреќа се случи предмалку во центарот на Скопје.

Брзата помош и екипи на противпожарните бригади пристигнаа на мостот и работат на извлекување на возачот од автомобилот.

Според очевидци, автомобилот не се судрил со друго возило, туку нагло свртел десно по што следела несреќата.

Под мостот се извршувале градежни работи.
Фото: Република
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


