Во новиот број на Република кој е во продажба од денеска, 11 март 2016 година, може да читате:
Експретседателите на ДИК од СДСМ обвинуваат
Чичаковски направи хаос со избирачкиот список
СДСМ изигра на картата „недоверба во избирачкиот список“, каков и да е крајниот резултат на прочистувањето, а потоа и на изборите. Линијата СДСМ – МВР – ДИК направи злоупотреба на кварталното објавување на избирачкиот список. Објавувањето на полициските податоци од 1.12.2015 година креираше само хаос и недоверба кај гласачите во изборниот список, оценуваат сопартијците и претходници на Александар Чичаковски, првиот човек на ДИК, Александар Новаковски и Никола Рилковски.
Заев почна да јаде живи луѓе
На избори со партиски вработувања
Кој вели дека СДСМ нема програма за избори и со небулозни дејства го затскрива недостигот од неа? Не е точно, СДСМ има програма. Напишана е пред точно шест години и тоа лично од актуелниот лидер. Таа 2010 година Заев се отвори и во трескав творечки немир, примерен за струмички градоначалник полн со идеи, напиша куса, но ефектна програма. Настрана богата со решенија. Буквално, „решенија“ за вработување на своите невработени сопартијци.
Бескрајни лаги на СДСМ
Од народот се кријат во вештачка магла
„Ако сакаме да бидеме власт ќе влеземе тимски од хигиеничар до министер. Живи луѓе ќе јадеме“, рече еднаш Зоран Заев и остана жив во политиката. Денес неговите партиски послушници, преку шансата дадена од пријателите од надвор, на недемократски начин да станат власт под изговор дека ќе го „демократизираат општеството“, почнаа на големо да го реализираат тоа што „визионерот“ го зборуваше пред неколку години. Во обидот да го прикријат канибалскиот инстинкт на својот водач, а во исто време да се држат на безбедна дистанца од народот, упорно го опструираат организирањето избори и излегувањето на земјата од политичката криза. За таа цел, медиумите под контрола на опозицијата креираат нови и нови лаги и шпекулации, а институциите под контрола на СДСМ не работат ништо за нивно евентуално докажување. Сѐ додека има магла, Заев ќе се чувствува безбеден од народот.
Збогум принципи
Турција последна надеж за ЕУ
Германската и европската јавност имаат многу дилеми за исправноста на стратегијата Турција да биде единствената варијанта за спас на ЕУ. Дури и политичари блиски на канцеларката Меркел сè уште не веруваат во можноста Турција да ја спаси Европа. Некои од нив имаат предрасуди кон земјата поради исламската културна сфера на која ѝ припаѓа, некои се плашат дека цената што ЕУ ќе ја плати за да Турција ги спречи бегалците да дојдат во Европа ќе биде премногу висока, а дел се скептици дека која било влада може да се соочи со бранот бегалци што се подготвува да дојде во Европа од Блискиот Исток, Азија и од Северна Африка.
Статистика и професии
Правниците и сметководителите со највисоки плати
Која професија е најплатена во државава? Статистичките податоци велат дека вработените во правните и во сметководните дејности минатата година биле на врвот на листата на најплатени професии. Само во декември 2015 година нивната просечна нето-плата, изнесувала 67.577 денари, што за македонски услови претставува повеќе од добра плата. Висината на оваа сума е благодарение на зголемувањето на платите од речиси 80 отсто на вработените во правно-сметководните дејности, со што овие вработените на другите вработени во финансиските дејности „им бегаат“ за малку повеќе од една просечна македонска плата или за 25.000 денари. Нешто помалку од сметководителите или, во просек, по 64.688 денари земале компјутерските програмери, а трети на листата најплатени биле вработените во финансиско-услужните дејности со просечна плата од 42.218 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст