| четврток, 6 декември 2018 |

САД: Три лица загинаа, илјадници евакуирани поради поплавите

poplavi sadИлјадници лица денеска се евакуирани од своите домови поради поплавите предизвикани од поројните дождови во американската држава Луизијана, а три лица оваа седмица го изгубија животот во невремето во неколку американски држави.

Метеоролозите најавуваат нови врнежи и во наредните денови. Во Луизијана во 16 окрузи прогласена е вонредна состојба, а националната гарда ангажирана е да помогне на населението.

Наредена е задолжителна евакуација на околу 3.500 домаќинства, а десетици лица се сместени во прифатилишта на Црвениот крст.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top