По одржувањето на седниците на Штабот за вонредни состојби и на српската Влада, а во врска со актуалните поплави, одлучено е да биде прогласена вонредна состојба на цела територија на Србија, јави Б92.
Одлуката е донесена како превентивна мерка со која ќе се олесни и забрза дејствувањето на сите органи на Република Србија во заштитатата на животите и безбедноста на граѓаните и имотот, како и при отстранувањето на последиците од поплавите.
Севкупната состојба е отежната и поради мигрантската криза, па на полицијата при заштитувањето на границите ќе им помага и Војската на Србија.
Српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стафановиќ за Б92 изјави дека воведувањето вонредна состојба било превентивна мерка, но дека сегашната состојба во земјата бара целосното внимание.
Српскиот премиер Александар Вучиќ претходно изјави дека во случај дождот да продолжи да врне ќе се создадат услови да се прогласи вонредна состојба на територијата на цела Србија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.