| четврток, 6 декември 2018 |

Ким – и храна и лек

Најновото истражување покажа дека кимот многу помага при слабеењето.

Во истражувањето во кое учествуваа 88 жени со прекумерна тежина, научниците заклучиле дека жените кои секој ден јаделе по една лажица мелен ким за три пати побрзо ја загубиле тежината од жените кои исто така биле на диета, но не го консумирале овој зачин.

Сите жени во текот на истражувањето го намалиле дневниот внес на калории за 500 и ги следеле советите за здравата исхрана. Меѓутоа, половина од испитаниците јаделе три грама ким во прав, измешан во немасен и незасладен јогурт.

По три месеци, групата која консумирала ким ослабела повеќе. Во просек загубиле по 1,5 килограми повеќе од жените кои не консумирале ким. Освен тоа, за дури 14 проценти им бил намален уделот на масти во телото. Жените кои не јаделе ким изгубиле околу пет килограми, а уделот на масти го намалиле за 4,9 проценти.

Kимот помага значително да се спушти и нивото на лошиот холестерол. Научниците овој ефект го објаснуваат со тоа што кимот содржи фитосферол, кој има способност да го апсорбира холестеролот, а содржи и материи кои го забрзуваат метаболизмот.

Ким има многу лековити својства,  одличен e , помага при варењето на храната, има благ седативен  ефект , ги олеснува грчевите во стомакот , богат со витамини од  Б групата, содржи калциум , железо, натриум , фосфор, магнезиум , калиум и селен.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top