Вчера во 15.35 часот Ј.С. (53) од Скопје, пријавил дека истиот ден рано утрото околу 4.30 часот на ул. „Коста Новаковиќ“, додека симнувал патник од неговото такси возило, бил физички нападнат од страна на лицето А.З. (39) од Скопје. Таксистот бил удиран со боксови и клоци по главата и телото од кои му се нанесени видливи повреди во вид на модринки и отоци, расекотина на левата аркада и расекотина на задниот дел од главата. По тоа напаѓачот побегнал во непознат правец со „опел“ со непознати регистарски ознаки.
Во полициска станица е направен записник за примање пријава од страна на полициски службеник, а е поднесен и записник за констатиран прекршок од законот за прекршоци против јавниот ред и мир.
Физичкиот напад е расчистен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.