| четврток, 6 декември 2018 |

Тие шестмина се во потесниот круг: Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд?

Откако Даниел Крег најави дека ја напушта популарната филмска франшиза за славниот британски шпион, наголемо се шпекулираа кој би можел да биде неговиот наследник. Медиумите пишуваат дека овие шестмина се во потесен избор.

Том Харди  (38) е моментниот фаворит во обложувалниците, благодарение на филмот „Лудиот Макс: Автопатот на гневот“, кој беше еден од најуспешните во минатата година, а освои и шест награди „Оскар“.

293e36cee3695257a9ec4d385d1b5e16

Идрис Елба (43) многумина веќе го нарекуваат првиот црн Бонд но единствениот фактор што не му оди в прилог се неговите години. Тој ќе има 45 години кога новиот Бонд е се појави во  кината, па може да се појави во уште само две или три продолженија пред да влезе во шестата деценија.

73ca634700fc8f57a6f72ece60e18bc4

Дејмијан Луис (45) има шарм поради кој  многумина сметаат дека тој е вистинскиот кандидат за наследник на Даниел Крег. Сепак и на него годините му се  отежнувачка околност. Предноста му е што е попознат надвор од Велика Британија отколку што беше Крег кога ја добил улогата на Бонд.

615508ea08e31584f093b6a1f5170a0b

Ејдан Тарнер (32) е ѕвездата на трилогијата „Хобит“ и  сака да го покажува своето мускулесто тело, што е голем плус за оваа улога. На него годините му одат в прилог, па доколку го ангажираат големи се шансите дека е го гледаме како Бонд барем  идните 15 години.

b48e4d01c0ff9a31d0f1f281efa82422

Хенри Кавил (32) би бил совршен избор доколку немаше една ситница – ангажиран е за улогата на Супермен за наредни неколку години.  Според предвидувањата, тој ги има реално најмалите шанси да го вклопи и ликот на Бонд во својот густ распоред.

da1f1051a60f5582fe7e25fb1271b2b7

Том Хидлстон (35) отворено им се обратил на продуцентите на Бонд кажувајќи им дека е заинтересиран за оваа улога. Сепак, како што пишуваат странските медиуми, обложувалниците не му се баш наклонети.

22942f7849bb485638b7734d7a2ae3b7

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top