Има многу повеќе мистерии поврзани со спротивниот, отколку што има тајни во космосот. За разбирање на тајните на космосот веќе има современи технолошки помагала, но дали постојат некакви алатки кои ќе ни помогнат да го разбереме спротивниот пол? Можеби е време некој храбар маж да го направи првиот чекор и да им дозволи на жените да научат неколку работи кои мажите би сакале да ги знаат за нив.
1. Мажите мислат дека жените се убави и без шминка
Мажите не се привлечени од шминката на жените. Тие се привлечени од женскиот мозок, нивната смисла за хумор, начинот на кој се смеат, начинот на кој киваат, женската самодоверба и прекрасната насмевка. Шминката може да се користи како начин за изразување на себеси и жените повеќе треба да ја носат за себе. Но, тие исто така и не треба да мислат дека не се убави без шминка.
2. Интелигенцијата е секси
Жените не се толку беспомошни колку што мислите. Тие денес се професионалци и лидери во сите области од човечкото живеење. Мажите тоа го сакаат, бидејќи сакаат повеќе да научат од жената отколку што сакаат да бидат учители. Тие сакаат да ги одведат жените на пијачка и да бидат маѓепсани од размислувањата и верувањата на жената. Женската интелигенција не само што е привлечна, туку е и секси.
3. Самодовербата е многу важна
Некои мажи сакаат несигурни жени бидејќи знаат дека можат да манипулираат со нив и да ги контролираат. Но, жените со самодоверба нема да дозволат да бидат манипулирани, а покрај тоа ќе заштедат и многу пари на козметички средства за убавина кои воопшто не им се потребни, бидејќи самодовербата е најдоброто нешто за да изгледаат убаво и привлечно за мажите.
4. И мажите имаат чувства
Мажите можеби не сакаат да зборуваат често за своите чувства, но исто така знаат колку е важно да се зборува за нив. Понекогаш тие едноставно сакаат тивко и како стоици да ги издржат приговорите на непријатниот шеф. Но, понекогаш сакаат да зборуваат за своите проблеми и чувства кои им тежат во душата.
5. Мажите сакаат добра смисла за хумор
Смислата за хумор, па дури и зајадливите досетки знаат да бидат секси и мажите не можат да им одолеат. Тие сакаат да најдат жена која секогаш ќе ги смее и со неа ќе можат вистински и искрено да се поврзат. Кога ќе најдат некој кој ќе ги насмее со својата природност, мажите си дозволуваат да се поврзат на повисоко ниво.
6. Мажите не се глупави
Мажите се покомплексни отколку што се претставени во рекламите и американските серии. Тие знаат дека некогаш жените знаат да бидат злобни и знаат дека треба да дадат ѝ комплимент на жената. Тие ги разбираат потребите и комплексноста во врските. И понекогаш знаат да бидат одлични и грижливи партнери без многу да се трудат, доколку ја имаат вистинската личност крај себе.
7. Мажите уживаат во прегратките
Интимноста повеќе не е табу тема. Мажите го сакаат допирот на женската кожа, како и чукањето на нивното срце покрај своето. Не многу одамна мажите кои сакаа таков вид нежности се сметаа за слабаци. Токму затоа и кога се впуштаа во такво однесување, се оправдуваа дека тоа го прават за својата сакана. Но, денес нештата се сменети и многу мажи ја откриваат вистината за своите потреби. Дури и да ви кажат дека не сакаат гушкање, на крајот од вечерта како мали бебиња ќе заспијат во вашите раце.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.