Вчера во 11.15 часот во Битола, на крстосницата од ул. „Столарска“ и ул. „Филип Втори Македонски“, се случила сообраќајна незгода во која К.Б. (64) од Битола, управувајќи возило „цитроен берлинго“ со битолски регистарски ознаки, удрил во велосипедистот А.М. (67) од Битола.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот А.М., кој бил однесен во Клиничка болница Битола од каде, по укажаната помош , бил пуштен на домашно лекување.
Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Битола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.