Пејачката не го криеше своето разочарување.
Гостувајќи во една телевизиска емисија Јелена Карлеуша го изнесе своето мислење за претставничката на Србија на претстојната Евровизија.
-Слушнав кој е нашиот претставник. Моето сочувство и изјавувам на Србија – кажала Карлеуша. Иако и се познати одличните вокални способности на Сања Вучиќ, годинешната претставничка на Србија, пејачката смета дека тоа не е доволно за победа.
-Да се разбереме Евровизија е геј фестивал и геј лобито управува со тој фестивал. Мора да имаш приказна која ќе биде нешто и ќе остави трага. Не е доволно само твоето пеење, туку и твојот настап, твојата порака – изтакнала таа.
Карлуеша додала дека Ивана Петерес, која ја напишала и компонирала песната со која Србија ќе се претстави на ова натпреварување требало да биде нивна претставничка бидејќи таа е како што ја нарече „сериозен змеј“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.