Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, јавно истакна дека и следната сезона ќе седи на клупата на „старата дама“, со оглед дека има актуелен договор со италијанскиот шампион. Јувентус се бори за нова титула во Серија А, и најави дека планира да му понуди продолжување на соработката на Алегри до 2019 година.
– И следната сезона ќе бидам тренер на Јувентус. Имам важечки договор и јас планирам да го испочитувам. Никогаш немало официјални контакти со други клубови. Во моментов сум фокусиран само на тимот и на нашата борба за одбрана на „скудетото“ и Купот на Италија. Работиме напорно и очекувам да ги освоиме трофеите – изјави Алегри за „Скај Италија“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Павлопулос: Нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Каменос се закани дека ќе ја напушти владата, кога Договорот од Преспа ќе дојде во парламентот
-
Кувелис: Договорот од Преспа ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент