| четврток, 6 декември 2018 |

Шеќеринска го запали компјутерот на ДИК, изборите пред одложување

radmila-sekerinska-sdj-1

Огромни проблеми за Државната изборна комисија во екот на прочистувањето на Избирачкиот список.

Главниот компјутер во кој се споредуваат односно вкрстуваат податоците од различните дата-бази на институциите изгорел во пожар откако дошло до прегревање на хард дискот кој се запалил од премногу вртежи во секунда.

Проблемите настанале во моментот кога биле вкрстувани податоците на Радмила Шеќеринска, односно кога требало да биде утврдено нејзиното живеалиште и да се провери бројот на лица кои живеат на нејзината адреса

Дури и ваков супер-компјутер на каков што работеа членовите на ДИК не можел да ги процесуира сите станови кои Шеќеринска ги поседува или изнајмува од својот сопруг Бобо Дајнерс.

„Одеднаш на екранот се појавија десетици Радмили Шеќерински. Летаа адреси, станови, улици, броеви. Компјутерот започна чудно да зуе, а после некое време и да чади. На крај едноставно се запали… како да му дојде преку глава од се“, изјави наш извор од ДИК.

Членовите на комисијата меѓу себе се шегувале дека кој ќе успее да го пречисти списокот на ДИК-от со Шеќеринска треба да добие вистинска награда.

Кромиди Запад
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

Кромиди Запад

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top