| четврток, 6 декември 2018 |

Реакција на чешката амбасада: Американци, терористите се од Чеченија, не од Чешка!

brakata teroristi boston

Американците уште еднаш се истакнаа како лоши познавачи на географијата и во известувањето за бомбашкиот напад во Бостон по која следуваше спектакуларната полициска акција за апсење на терористите.

Имено, неколку медиуми при известувањето за потеклото на браќата Царнаев, осомничени за поставувањето на експлозивните направи за време на маратонот, соопштиле дека потекнуваат од Чешка наместо од Чеченија. Поради вмешувањето на земјата во целиот случај морал да интервенира и  амбасадорот на Чешка во Вашингтон Петр Гандалович кој со соопштението морал да објаснува дека Чешка и Чеченија не е исто.

soopstenie ceska

Чешата Република и Чеченија се два многу различни ентитети. Чешка е држава во Средна Европа, а Чеченија е дел од Руската Федерација, објаснил амбасадорот во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top