
Граѓаните кои ги следат медиумите блиски до СДСМ или финансирани од Сорос повторно беа скратени од вистината и не добија слика за тоа што се случува. Гледачите на ТВ Телма вчера немаа прилика да дознаат дека имаше протести пред МВР насочени кон техничкиот министер Оливер Спасовски за неговото несоодветно постапување во Бутел, како и пред МТСП против техничката министерка Фросина Ременски за отпуштените работници од Гевгелија. Ја охрабруваме Телма во иднина да се спротистави на притисоците на СДСМ и објективно да ги информира граѓаните – реагираше денеска ВМРО-ДПМНЕ.
Тие додадоа дека ТВ 24 Вести се вратила на првото место за отстапен простор за пропагандата на СДСМ базирана врз лаги и манипулации со дури 896 секунди во централните вести одделени за промоција на СДСМ и нивните негативни неаргументирани манипулативни кампањи насочени кон ВМРО-ДПМНЕ.
-Веднаш зад оваа телевизија се наоѓа ТВ Телма која вчера во централните вести им изброи 670 секунди на рака на СДСМ во кои опозицијата имаше широко поле за да ја промовира својата манипулативна пропаганда и да го напаѓа неаргументирано ВМРО-ДПМНЕ. Ова се телевизиите кои според СДСМ се фер и избалансирани се додека просторот кој го одделуваат за пропагандата и измислиците од Бихаќка секој ден се мери со повеќе илјадници секунди во своите вести и дебатни емисии. Тоа е медиумската демократија на СДСМ – коментираат од владејачката партија.
Кај соросовите портали како Плус Инфо, Либертас, А1 Он, Нова Тв, Фокус и другите кои граѓаните ги препознаваат како мегафони на опозицијата – мали промени. Доминираат написите против ВМРО-ДПМНЕ (121) во споредба со текстовите во кои се промовираат ставовите и манипулациите на СДСМ (63). Ваква медиумска Македонија сака да гледа СДСМ. Сите портали и телевизии кои спроведуваат директиви од СДСМ се прогласувани за добри телевизии, а сите кои не се покоруваат на наредбите од Бихаќка треба да бидат казнети со одземање лиценци. Тоа е лицемерието на СДСМ во врска со медиумите и правото на слобода на информирање. СДСМ не сака слободни медиуми. СДСМ сака тотална контрола врз медиумите. Ваквото тоталитарно однесување на СДСМ кон медиумите одговара на стандардите на Северна Кореја и ИСИС – стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
И СДСМ со обвинување:
„Наместо објективно, избалансирано, навремено и вистинско информирање на граѓаните медиумите на Никола Груевски шират лаги и водат медиумска пропаганда во интерес на ВМРО-ДПМНЕ.Не само што се ставија во одбрана на срамните одлуки на Уставниот суд за изборните измами, медиумите на Груевски се натпреваруваат кој повеќе ќе одработи за ВМРО-ДПМНЕ.
Според нив за период од една недела, од 01.03.2016 до 07.03.2016 на МРТВ, Сител, Канал 5, Алфа и НоваТв, се емитувале позитивни прилози за ВМРО-ДПМНЕ во времетраење од 6 часа и 8 минути.
Негативни прилози за ВМРО-ДПМНЕ немало.
Овие податоци се уште една потврда зошто е потребна слобода на медиумите и зошто е неопходна регулација на медиумскиот простор во интерес на граѓаните“, се вели во соопштението на СДСМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


