| четврток, 6 декември 2018 |

Ракометарот Македа клекна на скопскиот плоштад (фото)

Најдобриот македонски спортски колектив РК Вардар продолжува да ги изненадува своите симпатизери. Покрај успешните настапи во Лигата на шампионите оваа сезона и пласманот во осминафиналето од најелитното ракометно натпреварување, трета година по ред, тие денеска ги изненадија и припадничките на понежниот пол на централниот плоштад во Скопје подарувајќи им цвеќе по повод празникот на жената 8 Март.

Присутните припаднички беа видно возбудени и позитивно изненадени од гестот кои го направија големите ракометни ѕвезди. Тие се фотографираа со нив, изнудија бакнежи и преградки од спортистите. Дел од припадничките на понежниот пол кои очигледно не следат спорт не знаеја кој им ги подарува ружите, но телефонски ги известија своите пријателки дека згодни мажи гушкаат на плоштад.

Селфи со Душебаев

Селфи со Душебаев

Македа клекна на колена

Македа клекна на колена

Бакнеж за Душебаев

Бакнеж за Душебаев

Селфи со Страхиња Милиќ и Илија Абутовиќ

Селфи со Страхиња Милиќ и Илија Абутовиќ

 

Целата фотогалерија погледнете ја на следниот линк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top