Американското внимание да се насочи кон Македонија, со цел да се запрат обидите за дестабилизација на земјата и одложување на изборите, повикува професорот Стивен Бленк, експерт за Русија од Американскиот Совет за надворешна политика, во колумната објавена во весникот „Хил“. Според Бленк, секое натамошно поттикнување на кризата оди во полза на Русија, која се обидува да го прошири своето влијание во регионот, и дополнителни ризикува последици во врска со мигрантската криза.
Бленк пишува дека бегалската криза не е решена, туку е префрлена на периферијата на Европа, каде на малите држави како Македонија им се заканува да се претворат во „паркиралишта” на мигранти. Во колумната покрај на бегалската криза се осврнува и на Македонија како клучна алка во решавање на кризата и политичката ситуација во Македонија.
Високо ја оценува работата на Никола Груевски како реформатор во економијата, здравството, образованието, притоа го карактеризира како прозападен политичар, за разлика од СДСМ и Заев кои според Бленк се поранешни комунисти со про Руска ориентација.
Вели дека Заев исистирал на одлагање на изборите зашто знае дека ќе биде поразен иако договорот е подржан и од ЕУ и од Администрацијата на Обама, единствено Русија со своите политички и економски интереси на Балканот има бенефит од политичка нестабилност во Македонија затоа е јасно дека СДСМ работи во нивна корист, но остануваат изненадувачки нејасни и причините зошто Американската амбасада во Скопје подржала одлагање на изборите за 5ти Јуни.
– Одлуката на овие земји да воведат квоти за бројот на мигранти и да се постават огради зароби илјадници бегалци во импровизирани кампови низ Балканот и ја загрозува стабилноста на тамошните влади, особено тие што се пред избори, како Србија и Македонија. Во Македонија, актуелната привремена Влада беше создадена како резултат на компромисот постигнат од Европската Унија и САД по големата политичка криза која ја потресе земјата минатат година. Договорот предвидуваше и оставка на премиерот Никола Груевски, кој спроведе сериозни реформи во здравството и образованието, и е лидер на про-западната партија ВМРО. Сега овој политички договор е во опасност, и покрај тоа што зад него стојат ЕУ и администрацијата на претседателот Обама. Виновникот за ова е Зоран Заев, лидерот на про-руската социјалистичка партија СДСМ. Заев, чија партија не може да победи на изборите, побара нивно одложување до 5 јуни, не со цел само да ги одложи, туку во обид целосно да го спречи нивното одржување додека не биде во состојба да дојде на власт. Во меѓувреме, Македонија, која има клучна улога во бегалската криза и е централно поставена на Балканот каде Русија се обидува да го засили своето политичко и економско влијание, ќе биде оставена без функционална Влада која ќе може да се справи со бегалците, или со било кое друго прашање, пишува Бленк.
Според американскиот експерт, кој бил долгогодишен професор на Воениот Колеџ на Американската армија, продолжувањето на политичката криза директна ја засилува руската позиција на Балканот.
– Русија ја гледа Македонија како уште едно бојно поле во Студената војна што ја води со Вашингтон. Одложувањето на изборот на нова легитимна Влада е дополнително опасно бидејќи досегашниот напредок на Македонија под Груевски покажа дека либералниот капитализам и демократијата можат да го подобрат животниот стандард и да помогнат да се најдат решение за социо-економските предизвици. Од друга страна, од хаосот може да профитира само Москва. Дури и доколку Грција го ублажи своето противење кон приемот на Македонија во НАТО на самитот во Варшава во јули, отсуството на легитимна Влада во Македонија во периодот по јуни ќе значи дека земјата нема можност да се подготви за одлуката и за членството, што несомнено ќе биде во полза на Москва, пишува Бленк.
Според него, Американската амбасада во Македонија, од необјасниви причини, ги поддржува барањата на Заев во врска со изборите. Во текстот објавен во весникот „Хил“, кој е неофицијален весник на американскиот Конгрес, се оценува дека е потребно итно да се изнајде решение, што е во интерес и на американската надворешна политика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст