Поради големите поплави во Србија прогласена е вонредна состојба во 12 општини. Вo текот на вчерашниот ден и ноќеска евакуирани се стотици луѓе, а на терен се претставници на локалните власти, секторот за вонредни состојби и припадници на војската на Србија.
Обилниот дожд, порастот на водостојот и излевањето на некои реки повторно ги вратија сеќавањата кај српските граѓани од 2014 година. Сообраќајниците повторно се под вода, поплавени се куќи, училишта и фабрики…
Дополнителна главоболка на граѓаните им задаваат временските прогнози според кои бранот со обилни дождови ќе трае до 11 март, поради што се очекуваат уште поголеми штети.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.