Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер објави дека ЕУ и Турција ноќеска постигнале договор за клучните точки од договорот за решавање на бегалската криза.
- Договор. Напредок во разговорите со Турција, напишал портпаролот на Јункер, Мартин Семајр.
Договорот до прва треба официјално да биде потврден, па за него ќе треба да се изјасни Европскиот совет на состанок посветен на миграциската криза, која ќе биде одржана на 17 и 18 март.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.