Лидерите на ЕУ не можат да се договорат за турскиот план за решавање на бегалската криза, пренесе Танјуг, повикувајќи се на неименувани претставници на ЕУ.
– На некои земји навистина им се допaѓа идејата но не можат да прифатат договор вечерва поради многу кусото време за подготовка, рече претставникот.
Според изворите на Танјуг, лидерите на тие земји, ќе ги поздрават амбициозните предлози на Турција но не можат да ги усогласат сите точки од договорот вечерва.
– Потребни се некои разјаснувања. Ќе работиме интензивно на тоа во наредните денови, вели изворот на Танјуг.
Претходно, германскиот канцелар Ангела Меркел обелодени дека е против затворањето на миграцискиот пат низ Западен Балкан, пренесе ДПА. Пред почетокот на самитот ЕУ-Турција Меркел изјави дека приливот на мигранти и на азил треба да се намали, но не само за “некои или за неколку земји”. Не може пристапот на Европската унија да е “да се за затвора едно или друго”, рече таа по повод дискусиите за потребата од затворање на границите за бегалците.Меркел изрази надеж дека на сегашната состанокот во Брисел ќе може да биде постигнат напредок, но истакна дека преговорите ќе се тешки. Ова ќе е едно од најважните седници, станува збор за спроведувањето на планот на ЕУ и Турција, кој е клучен за надминување на проблемот со бегалците, изјави Меркел.
Врз основа на планот ЕУ-Турција ќе може да обезбеди подобрување на условите за живот за бегалци во близина на нивната татковина. Односно придонесуваме за борба против причините за бегството. Второ, сакаме да го намалиме бројот на илегалните мигранти, но во сите земји, вклучувајќи ја и Грција. И затоа треба да најдеме решение со долгорочна перспектива, што ќе обезбедува заштита на надворешните граници на ЕУ како услов за постоење на Шенген, истакна Меркел и додаде дека мерките за заштита на морските граници може да се преземат само при соработка со Турција. Во меѓувреме, во раните попладневни часови стана јасно дека дневни самит ЕУ-Турција ќе биде продолжен , откако турскиот премиер Ахмет Давутоглу предложи “нови идеи” што оди подалеку од досегашните ангажмани на Анкара за совладување на миграцискиот поток кон Европа. Ова го соопшти официјален претставник на ЕУ, пренесува Ројтерс.
“Тие нудат повеќе и бараат повеќе”, изјави изворот по првата работна сесија на состанокот. Според зборовите на европскиот претставник турскиот премиер Давутоглу ќе ги претстави новите предлози на работен ручек со лидерите од 28-те земји од ЕУ и самитот ќе трае до вечерва во обид да се постигне согласност за нив. Дипломат од ЕУ изјави дека Турција сака поголема сума од ветените веќе три милијарди евра за сириските бегалци на турска територија; веднаш забрзување на преговорите за пристапување на Турција во ЕУ и од оваа пролет да отпадне визите за турските граѓани кои патуваат во Европа.
Во замена Анкара е подготвена да ги прифати назад мигрантите кои не се Сиријци и на кои им е одбиен азил во Европа, во прилог на оние кои се запрени во турските територијални води, посочи европскиот дипломат.
Турскиот претседател Ердоган ја критикува ЕУ за бавноста во доделувањето на 3 милијарди евра, наменети за поддршка на 2,7 милиони сириски бегалци кои живеат во Турција, пренесува АФП . Биднаа веќе четири месеци и ние сеуште чекаме тие да ни ги дадат, рече Ердоган во говорот во Анкара во момент кога земјите од ЕУ учествуваат во вонредна средба на врвот во Брисел, заедно со Турција, посветена на проблемот со мигрантите.
Премиерот (Ахмет Давутоглу) е сега во Брисел. Се надевам дека тој ќе се врати со овие пари, рече Ердоган, кој веќе неколку пати го критикува забавувањето на доделување на средствата, ветени во замена за акции на Турција за совладување на миграцискиот поток кон Европа. Ердоган ги осуди исто однесувањето на Европејците на позадината на миграциската криза и нивното одбивање како целина да гти прифатат масовно мигрантите во нивните земји. Видете, тие велат ” Ни пречи бегалците да ни влегуваат”. Добро. Но не сме оние кои ги испраќаме, тие доаѓаат по море и за жал повеќето од нив умираат при преминувањето, додаде претседателот. Ердоган вели дека околу 100 000 мигранти биле спасени од турската крајбрежна стража во Егејското Море меѓу Турција и Грција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Брегу: Проширувањето на ЕУ и поврзувањето на Западен Балкан се поврзани процеси
-
Турски воен хеликоптер падна меѓу згради во Истанбул, загинаа четворица војници(видео)
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД