Најмногу дожд наврнал во Тетово, 21 литар на метар квадратен, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи во извештајот до 16 часот.
Во Маврвово наврнале 20 литри, 16 литри во Пожаране и Скопје, 13 во Охрид, 12 во Лазарополе, девет во Претор, четири во Битола и Тополчани и два литра во Прилеп. Во Лазарполе е измерена снежна покривка од три сантиметри.
Највисока температура (20 степени) е измерена во Гевгелија, 19 во Демир Капија и Струмица, 18 во Штип и Виница, 17 во Крива Паланка, Битола и Скопје, 16 во Прилеп, Претор, Берово и Тополчани, 15 во Охрид, 13 во Ѓуриште, 11 во Пожаране, Лазарополе, 10 во Маврово и 9 степени во Пожар, Тетово.
Врнежите од дожд кои најпрвин почнаа во крајните западни делови, попладнево се проирија во целиот западен дел од земјата и има појава на грмежи. Во теот на денот дуваше и повремено засилен јужен до југоисточен ветер, кој во Штипско повремено достигнуваше и над 80 километри на час. Засилен исто така беше во Пелагонија и во Скопската котлина, информира УХМР.
До крајот на денот ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд кои ќе се преместуваат кон исток и каде што повторно ќе бидат поинтензивни. Ќе се преместува и засилениот јужен ветер кој во вториот дел од ноќта ќе стивне.
УХМР за утре најави променливо облачно со подолги сончеви периоди. Ветерот ќе биде слаб и попладне ќе преминува кон северозападен. Минималните температури ќе се движат од 2 до 8 степени, а дневните од 12 до 19 степени.
Во Скопје, исто така, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб северозападен ветер. Температурата во интервал од 4 до 17 степени.
– Утре ќе има преодно стабилизирање на времето, а потоа продолжува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Новите врнежи ќе започнат од среда попладне, но во четврток врнежите ќе се побилни. До крајот на работната недела нема да има негативни утрински температури, информира УХМР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.