Од 34 мерки и проекти за млади, дури 17 се со инфраструктурен карактер, а планирањата се дека тие на градежништвото ќе му донесат над 40 милиони евра свежи пари за реализација на овие проекти. Ова е одговорот од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на новинарското прашање како промовираните проекти за младите ќе влијаат на градежништвото.
– Нашите проценки кажуваат дека ќе влезат околу 40 милиони евра свежи пари во градежништвото со реализацијата на овие 17 проекти за млади, дали се тоа проектите за градење на гимнастичка сала, дали е проектот за градење на базен во СЦ „Борис Трајковски“, дали проектот за изградба на 150 баскет игралишта, за изградба на нов конгресен центар во Охрид или некои од многуте други проекти, 17 од нив се поврзани со градежни работи, изјави Груевски.
Посочи дека меѓу овие проекти е и проектот за изградба на стариот римски театар со 9.000 седишта, проект за скејт паркови, гимнастичка и тениска арена, фитнес зони, реновирање на Офицерскиот дом во Битола и многу други.
Освен што младите од овие проекти ќе имаат корист, потенцира Груевски, огромна корист ќе имаат и градежните компании, а ќе има потреба и од, како што рече, градежни работници, нивно ангажирање, плаќање и обезбедување работа.
Груевски уште еднаш истакна дека проектите за младите ќе имаат двострана корист – и за младите и за градежниот сектор, но и за работниците во градежниот сектор кои на среден рок ќе добијат доста проекти и гарантирани вработувања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии