Груевски направи и увид и во градежните работи за изградба на фекални канализации во селото Вириче и во село Град. Вредноста на инвестицијата за изградба на целосна фекална канализација за село Град е 11.661.350 денари, а проектот опфаќа изградба на канализација во должина од 5.900 метри. Додека за село Вириче инвестицијата за изградба на канализацијата е 8 милиони денари.
Околу 400 жители на село Град на денешната средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Груевски изразија благодарност за субвенициите коишто ги имаат добиено за помош во овоштарството и сточарството како главни гранки со коишто се занимаваат.
Изразија благодарност и за проектот рурален доктор во рамки на кој секој понеделник ги посетува во Делчево лекарски тим, а по потреба и патронажна сестра. Како единствен проблем со кој се соочуваат го посочија откупот на млекото.
– Планираме на повеќе места и локации за откуп на дистрибутивни центри. И тука во близина на Делчево ќе понудиме на инвеститор локација за да се создаде конкуренција за откуп на земјоделски производи, а може и за млекара ако има заинтересиран, рече меѓу другото Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст