Утрешното осмомартовско цвеќе купете го од децата кои утре во трговскиот центар „Сити мол“ ќе го делат во име на Ели, девојчето што се лекува во САД од ретка болест.
Настанот е од 11 часот до 12 часот, на третиот кат, кај делот наменет за храна.
Настанот „Подарете цвеќе за Ели“ е помош од децата за дете. Парите наменети од продажбата ќе бидат донирани за Ели.
Цвеќињата ќе ги делат деца од организацијата „Трисомија 21 – Скопје“, каде што членуваат дечиња со Даунов синдром и ученици од ОУ „Рајко Жинзифов“.
Ова е хуманитарна акција за Ели, на која ѝ треба и морална и финансиска помош пред следната операција во болницата во САД, најверојатно во мај.
Таа многу ги сака Петко, Тајзи и „Златните славејчиња“, кои со задоволство се согласија утре да пеат за неа.
Дојдете и покажете ја вашата хуманост. За возврат ќе добиете цвеќе од хуманите рачиња на дечињата од „Трисомија 21 – Скопје“ и од соучениците на Ели.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст