Претседателката на српското Собрание Маја Гојковиќ денеска донесе одлука локалните избори во Србија да се одржат на 24 април, јави Танјуг.
На изборите ќе се избираат членови на собранијата на градовите и општините, кои потоа ќе ги избираат градоначаниците.
Претходните, локални избори во Србија се одржаа на 6 мај 2012 година. Годинешниве локални избори ќе се одржат на ист датум со предвремените парламентарни избори, кои во петокот ги закажа српскиот претседател Томислав Николиќ.
Претходно, беше најавено дека на истиот датум ќе се спроведат и изборите за членови на покраинското Собрание на Војводина, но неговиот актуелен претседател Иштван Пастор, се уште не донел одлука за нивно распишување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.