– Најпрво, не знаеме што има во СЈО. Може и специјалното јавно обвинителство да манипулира као сака. Нема архивски број, не знаеме што е заведено таму. И СЈО се јавува како суочесник во сета оваа драма во која се ставени сите граѓани: бизнисмени, од сите сфери на општествениот живот- ставени се во една психички ненормална ситуација и создава состојба на општа шизофренија. Ова е една состојба во која секој од секого треба да се плаши, а не сум сигурен дека психички полабилни личности може да применат и сила и може да дојдеме во многу потешка ситуација од оваа во која се наоѓаме. Стостојбата е крајно критична! Состојбата мораме да ја доведеме во правни рамки.
– Кој кого прислушувал и колку долго, произлегува од овој чин. Вие кога ке ги уапсите, и не само што ќе ги уапсите, туку ќе дадете приоритет во процесуирањето ќе ги решеше состојбите.Па нема ништо поитно за јавно обвинителство од повикот дека некој ти ја руши државата. Го уапсија Верушевски, го обвинија претседателот на опозицијата за комплот и го развлекоа случајот. Требаше во рок од три дена оној кој ги објавил овие закани, да му се упати јавна покана да ги достави сите материјали кои ги поседува и од тој момент да се започне итна постапка за решавање на овој случај. Ова прашање метастазира неверојатно брзо. И за неполна година ги опфати сите елементи на власта. Е сега, тоа отвора други проблеми: колку била способна нашата служба, оти јас прво вниманието го насочувам кон нашата служба, бидејќи излезе дека тоа биле “партиоти кои од внатре снимале и слушале”. Ова ќе има огромни последици. Ние веќе не знаеме кај кого е дадено и продадено, кој купено и кој што ќе уценува – вели проф. д-р Саво Климовски за Сител.
На констатацијата дека точно е дека прислушуваните разговори ги имаат најмалку десетина Чауши блиски до СДСМ кои ги уценуваат најмалку тројца бизнисмени со објавување на материјалите, дека се објавуваат монтирани разговори, кои како последица имаат создаден општ хаос, Климовски вели дека проблемот е во специјалното јавно обвинителство кое исто така прави злоупотреба на материјалите кои му се доставени.
– Најпрво, не знаеме што има во СЈО. Може и специјалното јавно обвинителство да манипулира као сака. Нема архивски број, не знаеме што е заведено таму. И СЈО се јавува како суочесник во сета оваа драма во која се ставени сите граѓани: бизнисмени, од сите сфери на општествениот живот- ставени се во една психички ненормална ситуација и создава состојба на општа шизофренија. Ова е една состојба во која секој од секого треба да се плаши, а не сум сигурен дека психички полабилни личности може да применат и сила и може да дојдеме во многу потешка ситуација од оваа во која се наоѓаме. Стостојбата е крајно критична! Состојбата мораме да ја доведеме во правни рамки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.