| четврток, 6 декември 2018 |

Одбележување на Меѓународниот ден на жената во Музејот на македонската борба

НУ Музејот на македонската борба ќе го одбележи Меѓународниот ден на жената, 8 Март, со специјална програма под наслов „Жената борец за слобода и македонска државност“.

Настанот ќе се одржи на 8 март (вторник) со почеток во 12.00 часот, во конференциската сала на Музејот на македонската борба.

Низ потсетувањето на животниот пат на жените кои се бореле за слободата и за државноста на Република Македонија, музејот ќе им оддаде почит на неколку жени револуционерки од НОБ во Македонија – Вера Јоциќ, Жамила Колономос, Ибе Паликуќа, Вера Циривири-Трена и Мирка Гинова.

Програмата ќе ја збогатат специјалното учество на хорот и драмската секција на ООУ „Вера Циривири-Трена“ од Скопје, музичките гости ансамблот „Македонија“ и студенти актери од Универзитетот за Адуио и визуелни уметности ЕСРА од Скопје. Специјални гостинки на Музејот на македонската борба ќе бидат офицерки на Генералштабот на Армијата на Република Македонија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top