Државниот универзитет во Дартмут во американската сојузна држава Масачусетс го затвори својот кампус и ги евакуира студентите, откако е потврдено дека таму се крие осомничениот за бостонскиот бомбашки напад Џохар Царнаев. Претставници од Универзитетот не потврдија дали Царнаев учел таму и дали живеел во кампусот, туку само дека е преземена превентивна мерка. Студентката Бри Меккарен изјави дека полициски екипи влегле во кампусот и дека сите се во паника. Според неа, студенти кои го познаваат Царнаев тврдат дека тој живее во еден од домовите. Дартмут се наоѓа на 65 километри јужно од реонот каде што властите досега трагаа по Царнаев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.